10-те најпопуларни дестинации за 2022 + што да посетите наместо нив за да поминете поевтино и да го избегнете метежот
Лисабон, Португалија
Европските престолнини доминираат на листата, па на шестото место се наоѓа главниот град на Португалија.
Иако во Лисабон навистина има што да се види, мора да бидете подготвени и за огромни гужви.
Ако не сте расположени за буткање, секогаш можете да го посетите Порто.
Ни овој град нема да биде без туристи, но е значително поретко посетуван.
А, ги нуди речиси истите работи како Лисабон – ресторани со вкусна храна, уникатни градби и многу можности за забава.
Барселона, Шпанија
Барселона се истакнува со своите плажи, храната, архитектонските ремек-дела, но и со гужвата.
Се проценува дека секоја година градот го посетуваат околу 20 милиони туристи.
За оние кои не сакаат гужви, шпанскиот град Сан Себастијан може да понуди речиси исто искуство како Барселона, но со многу помалку туристи.
Истанбул, Турција
Истанбул е град со богата историја и култура, па овде никогаш нема да ви биде досадно.
Сепак, ова го прави градот и многу популарен, а со тоа секогаш има и многу туристи.
Ако сакате да го избегнете метежот, наместо во Истанбул, можете да одите во Аланија.
Покрај историјата и културата, овде можете да ги видите и многуте плажи, како и пештера стара 15.000 години.
Денпасар, Бали
Денпасар е популарен по јога-одморалиштата, но и по плажите.
Покрај туристите, овде има и многу доселеници, па градот речиси секогаш е преполн.
За помирно патување, можете да го посетите островот Ломбок наместо островот Бали.
И ова е тропска дестинација чија природа нема да ве остави рамнодушни.
Рим, Италија
Покрај превкусната италијанска храна, Рим е една од најдобрите дестинации за оние кои ја сакаат историјата.
Сепак, ако не сакате многу гужви, а ако ве восхитуваат градбите од древниот Рим, не мора воопшто да одите во Италија.
Можете да ја посетите Хрватска, односно градот Пула каде што можете да најдете многу градби и наоѓалишта од древните римјани.
Во градот има и амфитеатар кој е речиси идентичен на Колосеумот во Рим.
Спирова С. | Црнобело