6 бајковити замоци и градби што се инспирација за замоците во филмовите на Дизни
Принцезата не е ништо без нејзиниот замок, но дали некогаш сте се запрашале на што се базира архитектурата во филмовите на Дизни?
Можеби знаете дека многу филмови на Дизни се базирани на бајки. „Снежана и седумте џуџиња“ доаѓа од класиката на браќата Грим, а „Заспаната убавица“ на Шарл Перо беше основата за истоимениот филм.
Иако самите приказни се бајки, се испостави дека некои од најпознатите замоци во светот на Дизни се инспирирани од реални места.
Постојат вистински замоци кои ги инспирирале артистите од Дизни. Тие се расфрлани низ целиот свет, па ако сте љубител на патувањата, можете навистина да ги посетите и да ги оживеете вашите детски фантазии.
Кои замоци и градби се инспирација за замоците во дизниевите филмови?
Малата сирена - Чилон во Швајцарија
Овој замок датира од 1150 година. Записите покажуваат дека некое време служел како затвор, потоа како складиште и тврдина, а сега може да се посети како еден од најпознатите швајцарски замоци.
Снежана и седумте џуџиња - Алказар, Шпанија
Замокот за инспирацијата на Снежана се наоѓа во историскиот град Сеговија во Шпанија.
Очигледно, оваа градба е повеќе од тоа да биде само предмет на инспирација.
Датира од 12 век и претставува арапска тврдина, која подоцна станала палата на кралевите.
Понатаму била користена како затвор, потоа и воена академија, а денес можете да ја посетите како музеј.
Аладин - Таџ Махал, Индија
Оваа инспирација е прилично добро позната, бидејќи е една од најпознатите знаменитости во Индија.
Сепак, не секој знае која била првичната намена на оваа градба. Приказната е прилично романтична.
Прво била мавзолеј што го нарачал императорот Шах Јахан во 1632 година да биде изграден за неговата сопруга Мумтаз Махал, за да ја покаже својата огромна љубов што ја чувствувал кон неа.
Снежно кралство - Хотел Де Глејс, Канада
Иако оваа зграда не е замок, таа го инспирираше замокот за еден од поновите и најпознатите цртани на Дизни - Снежно кралство.
Овој хотел се наоѓа во Квебек и е отворен за посетители.
Режисерот на анимираниот филм, Крис Бак, го посетил хотелот пет години пред објавувањето на филмот додека вршел истражување.
Сега хотелот е навистина голема атракција и има многу посетители.
Убавицата и ѕверот - Шато Ду Шамбор, Франција
Обожавателите на оваа класика на Дизни можат да ја посетат вистинската инспирација за замокот на Ѕверот во Лоар и Шер, Франција.
Еден од аниматорите на филмот, Глен Кин, го посетил замокот за да направи истражување и веднаш знаел дека тоа е местото каде што живее Ѕверот.
Пепелашка - Нојшванштајн, Германија
Можеби најпознатиот замок на Дизни од сите бил инспириран од баварскиот Нојшванштајн.
Посетителите можат да го обиколат замокот и да научат за „Лудиот крал“ Лудвиг II од Баварија, кој го изградил во 1892 година за неговиот омилен композитор Ричард Вагнер.
M. Г. | Црнобело