Што да правите и посетите во Солун за да ја доживеете вистински празничната атмосфера?
Движете се под сино ѕвездено небо од светилки на Аја Софија, уживајте во магијата на прекрасно украсениот плоштад Аристотел, истражете го живописниот дел од градот Лададика каде има магична атмосфера и традиционални таверни и барови и одете во забавниот божиќен парк - што да правите во Солун во сезоната на празнична магија?
Вклучувањето на сијаличките на елката во центарот на градот и официјалниот почеток на божиќната сезона во Солун беше на 7 декември, а до почетокот на јануари во градот ќе владее магична атмосфера.
Плоштади со елки и светилки, улици со ѕвездено небо од светилки, украсени кафулиња и излози од бутици, предновогодишна шопинг еуфорија – едноставно периодов во Солун е идеално за да ја доживеете празничната атмосфера.
За да не пропуштите нешто при посетата на Солун, во продолжение неколку идеи што да направите и видите:
Присуствувајте на музички настан на плоштадот Аристотел или уживајте во магично украсена атмосфера
Посетете ги божиќните пазари и вкусете некои од најубавите специјалитети на украсените куќарки
Истражете го живописниот дел од градот, кој е прогласен за културно наследство, Лададика
https://www.instagram.com/p/CmUuLScoEGU/