Куќа на дрво среде џунгла во Доминикана – избор на патувачите на TripAdvisor за 2022 (фото)
Ресорт со куќички на дрво, уредени со дрвен мебел, трски и лулки, среде џунгла, со базени и интимни места за парови – звучи примамливо нели? Со кого би побегнале тука?
Среде џунгла во Доминиканската Република се наоѓа ресортот Dominican Tree House Village, со куќички на дрвја, до кои се стига по патека низ шума и мостчиња, а искуството кое се доживува е уникатно и неповторливо.
Уредени се со дрвен мебел, со трски, лулки со поглед кон џунглата, а има и базен и интимни местенца за парови или за правење кул фотки.
Вистинските хедонисти и љубители на авантури ќе се заљубат на прв поглед во ова место каде на момент ќе можете да избегате од реалноста и да доживеете нешто што никогаш не сте го ни замислиле и воедно спиритуално да се воздигнете.
На Trip Advisor, ова место е едно од избраните дестинации на патувачите за 2022, а дефинитивно има зошто.
Погледнете повеќе фотки од Dominican Tree House Village: