Најубавите божиќни пазари за 2022 - кога и каде ќе ја доживеете празничната магија? (фото)
Божиќниот пазар во Будимпешта е изгласан за најдобар во Европа за 2022, според European Best Destinations. Kои други европски дестинации ќе имаат божиќна магија почнувајќи од месецов и во кој период да ги посетите?
European Best Destinations секоја година објавува листа со најубави божиќни пазари во Европа кои се изгласани од патувачите, а ние одвојуваме 9 најдобри од кои повеќето од нив се лесно достапни од кај нас.
Празнична магија низ цели градови, плоштади украсени со огромни елки и штандови за топли пијалаци и вкусна храна, лизгалишта, панорамски тркала - нема ништо поубаво од ова во празничниот период нели?
Ако уште не сте го испланирале зимското патување, време е да почнете, бидејќи во европските градови божиќните пазари почнуваат од средината на ноември.
9 најубави божиќни пазари во Европа:
Будимпешта (18 ноември – 1 јануари)
Базел, Швајцарија (24 ноември – 23 декември)
Виена, Австрија (19 ноември – 26 декември)
Брисел, Белгија (25 ноември – 1 јануари)
Талин, Естонија (25 ноември – 8 јануари)
Прага, Чешка (26 ноември – 6 јануари)
Лајпциг, Германија (22 ноември – 23 декември)
Дизелдорф, Германија (17 ноември – 30 декември)
Загреб, Хрватска (26 ноември – 6 јануари)
М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com