Луксузно одморалиште во Словенија кое е рај за љубителите на чоколадо

Чоколадното село покрај реката Драва е луксузно одморалиште сместено во прекрасен амбиент на природен парк во близина на Марибор, Словенија. Заборавете на диетата и добредојдовте во рајот каде што ќе бидете среќни да згрешите!

chokoladen-pojadok-chokoladna-masazha-pa-duri-i-kozmetika-luksuzno-odmoralishte-vo-slovenija-koe-e-raj-za-ljubitelite-na-chokolado-01.png

Гостите најчесто се воодушевени од џакузите и масажите со чоколадо, но освен тоа, ќе ве пречекаат и со чоколаден појадок и чоколадна козметика.

Населбата каде што е сместено ова одморалиште се наоѓа во прекрасната околина на природниот парк Натура 2000.

Селото се наоѓа на познатата меѓународна велосипедска патека Драва, а од жичарата Похорска и од центарот на Марибор е оддалечено само 5 километри.

View this post on Instagram

A post shared by Chocolate village by the river (@chocolate_village_by_the_river)

Со смештајот и чоколадните искуства, ќе добиете бесплатно домашно вино и некои локални деликатеси.

Посебно место е и каминот на отворено, каде задолжителни се вечерните собири, палењето оган и уживањето во прекрасната глетка на реката Драва. Големо внимание привлекува и природниот базен, но за жал не е исполнет со чоколадо.

Сепак, совршено време за пливање во природниот базен е на зајдисонце со чаша чоколадно пиво или коктел.

Повеќе фотографии во продолжение:

М. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Најубавите божиќни базари во Европа за 2023, кои вреди да ги посетите Од базарите во Стразбур и Колмар во Франција, до малиот базар во Опатија, Хрватс...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...
Предлог зимска дестинација во Македонија: Нижеполе изгледа како снежна бајка Доколку сакате да се релаксирате, да уживате во топол чај со прекрасна глетка ил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg