Инстаграм хит: Запознајте го најслаткото семејство од алпаки во Словенија – сите се сликаат со нив
Во Словенија, на само неколку километри од Марибор, во градот Пољчана, сите љубители на алпака ги очекува неверојатно искуство - ранч каде што живеат овие попопуларни животни во чие друштво можете да го поминете целиот ден, да ги храните и да се сликате со нив.
Ранчот Алпака Словенија на своите посетители им нуди нешто навистина посебно и необично, а самата тура на ранчот се состои од три дела.
Во првиот дел посетителите се запознаваат со животните кои со задоволство ќе ве пречекаат, а потоа ќе следи уникатна работилница за изработка на филц сапун од волна од алпака што посетителите можат да го однесат дома.
Третиот дел вклучува освежување со квалитетни домашни деликатеси од регионот кои ќе ви ги послужат пријателските домаќини.
https://www.instagram.com/p/ChZw86JMexf/
Најмладата, воедно и најслатката алпака во ранчот, се родила на 13 август и се вика Пино, а на нивниот профил на Инстаграм редовно известуваат за среќните моменти и радоста кои Пино ги предизвикал на ранчот, но и за целото семејство.
https://www.instagram.com/p/ChC9t4UsdRs/
https://www.instagram.com/p/Cd6Ix0PoZlV/
M. Г. | Црнобело