„Го посетив Катар - зошто оваа земја воопшто не беше тоа што очекував?“
„Можев да се шетам по уличните пазари, без некој да ме вознемирува и да ми врши притисок да купам нешто...“
Во Фејсбук групата „Girls Love Travel“ девојки и жени од целиот свет ги споделуваат своите искуства од патувања.
Меѓу нив е и Џенифер Луиз која деновиве сподели фотографии од нејзината посета на Катар и откри зошто оваа земја позитивно ја изненадила.
Катар е држава во југозападна Азија. Се наоѓа на полуостровот Катар, а главен град е Доха. Го опфаќа малиот полуостров на западниот брег на Персискиот Залив и неколку соседни островчиња.
На југ се граничи со Саудиска Арабија, а на запад по море се граничи со Бахреин. По државно уредување е апсолутна монархија — емират.
Џенифер споделува зошто Катар воопшто не била тоа што го очекувала и ги наведува работите кои ја изненадиле:
Ова е една од најбезбедните држави во светот.
Можев да се шетам по уличните пазари, без некој да ме вознемирува и да ми врши притисок да купам нешто.
Населениот во главниот град Доха е 80% дојденци.
Не е сè само пустина - тоа е полуостров со повеќе од 560 километри крајбрежје.
Превкусните свежи коктели од овошје кое ги има на менито во секој ресторан се совршени.
Ви го препорачувам задолжително!
Прочитајте и Кристина, наша стјуардеса: „Имам посетено 100 земји, бев на свадба во Индија, партнерот ме запроси во Катар“
С. С. | Црнобело