„Го посетив Дубаи – што треба да знаете пред да отидете првпат?“
Најдете сместување во близина на главните атракции
Бидејќи Дубаи е огромен град, Рејчел советува да најдете сместување кое не е многу оддалечено од главните атракции.
„Јас бев сместена на околу 20 минути пешачење од Бурџ Халифа. Бидејќи ова е во центарот на градот, лесно беше да најдам такси и друг транспорт“.
Најмете туристички водич
Туристичкиот водич ќе ви помогне да ги видите најважните работи во Дубаи, а Рејчел вели дека тоа е најдобрата одлука што ја направила на патувањето.
„Најмив водич за шетање низ град, како и за патувањето во Абу Даби и во пустината, но и водич за ноќен живот. Видов многу работи“.
Рејчел најмила водич преку хотелот во којшто отседнувала и вели дека не платила многу пари. Покрај тоа, скоро сите водичи имаат возач и автомобил, па не мора да се грижите за транспорт.
Во џамиите ќе мора да носите соодветна облека
Во џамиите и другите свети места ќе мора да го почитувате кодексот за облекување.
Мажите треба да носат блуза со ракави кои ги покриваат лактите, како и долги панталони. Жените, пак, мора да ги покријат косата и целото тело.
Не заборавајте да ја видите пустината
Рејчел вели дека мрази песок и пустини, но пустината во Дубаи ја оставила без зборови.
„Ова ми беше омилената активност од патувањето. Се чувствував како да се возам на луда железница на песокот и го видов најубавото зајдисонце“.
Купувајте зачини од локалните пазари
Во Дубаи можете да купите сувенири во скоро секоја продавница, но Рејчел советува да ги посетите пазарчињата.
„Во Дубаи има многу пазари на отворено кои продаваат сè – од злато до зачини. Јас си купив зачини, накит и сувенири од ваквите пазари и сметам дека вреди да ги посетите“.
Спирова С. | Црнобело