12 места во магичната Тоскана што вреди да ги видите барем еднаш во животот

Покрај популарните Пиза и Фиренца, италијанската област Тоскана крие многу други дестинации кои ќе ви овозможат целосно да ги искусите културата и убавината на Италија.

12-mesta-vo-toskana-shto-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-01.jpg

Тоскана е еден од најголемите, најважните, но и најубавите региони во Италија.

Се наоѓа во централниот дел на земјата, а излегува и на море. Областа има огромно културно-историско и уметничко наследство, а овде се сместени некои од најпознатите италијански градови, како Фиренца и Пиза.

Во продолжение 12 места во Тоскана кои не смеете да ги одминете:

Фиренца – главниот град на Тоскана се смета за место на раѓање на ренесансата и важи за еден од најубавите градови во светот.

12-mesta-vo-toskana-shto-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-02.jpg

Пиза – покрај легендарната крива кула, овде можете да се восхитувате на архитектурата на градот, но и многуте музеи и цркви кои ќе ве вратат во минатото.

12-mesta-vo-toskana-shto-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-03.jpg

Сиена – со калдрмите, уникатните градби и околните села, ова е можеби најубавиот град во Тоскана.

12-mesta-vo-toskana-shto-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-04.jpg

Арецо – лоциран во централниот дел на Тоскана, Арецо е шармантен историски град во кој нема многу метеж, но кој сепак нуди можност да ја искусите богатата италијанска култура.

12-mesta-vo-toskana-shto-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-05.jpg

Лука – ако сакате нешто поразлично до популарните италијански градови, Лука – градот кој како да е застанат во времето – е совршениот избор за вас.

12-mesta-vo-toskana-shto-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-06.jpg

Сан Џимињано – средновековниот град во кој можете да видите бројни тесни улички, кули, цркви и други градби од средниот век е задолжителна дестинација ако одите во Тоскана.

12-mesta-vo-toskana-shto-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Што можете да правите во Фиренца оваа есен? Видете го најпознатиот мост во Италија, восхитувајте се на уникатната готска кат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg