„Бев во Охрид, со глисер крстарев по крајбрежјето, јавав коњи, го посетив магичниот манастир Заум – бесценето искуство“

Одлично доживување е и „Заливот на Коските“ — залив во Охридското Езеро и археолошко наоѓалиште на праисториска наколна населба, кој е всушност музеј на отворено и е еден од најпосетените музеи во Македонија.

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-34.jpg

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-35.jpg

Откако минавме од кај моите омилени плажи, сфатив дека листата на мои омилени охридски дестинации не сопира тука, па дојдовме и до селото Трпејца, местото каде буквално ги гледате сите нијанси на Охридското Езеро. Од смарагдно и светло зелена до тиркизна и кралски сина, има неверојатни бои и чувството е надрреално.

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-41.jpg

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-43.jpg

Потоа, продолживме до „Св. Богородица Захумска“ или само Заум — средновековна црква која се наоѓа во непосредна близина на селото Трпејца и до која се доаѓа само по воден пат.

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-48.jpg

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-63.jpg

Сигурно сте виделе многу фотографии оттаму на социјалните мрежи, но верувајте дека во живо е уште поубаво.

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-49.jpg

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-51.jpg

Местото изгледа буквално магично и на самото пристигнување таму видовме група странски туристи кои дошле со такси бротче. Среде дрвјата на плажата е магичната лулашка, на која сите се фотографираат, а просторот околку црквата има внимателно уредено зеленило со многу цвеќе и летниковци за седење.

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-52.jpg

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-61.jpg

Го имав задоволството да се запознаам со домаќинот на црквата Ристе Велевски (34) од селото Трпејца, кој во разговор ми откри колку години е дел од оваа приказна и зошто ова место е толку магично.

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-50.jpg

„Јас сум домаќин тука од септември 2013, доаѓаат многу туристи постојано, особено во летниот период, но во зима нема затоа што се доаѓа по воден пат. Има и козја патека која што малкумина ја знаат и ретко се користи. Покрај Македонци, најмногу доаѓаат Холанѓани, Полјаци, Срби итн.

Местово има некоја мистична енергија, тука е една од најчистите води во Охридското Езеро, а црквата е од 14-тиот век, односно изградена е 1361 година, внатре има една од најретките фрески на Света Ана. Манастирот е од 1929 година и има возобновени конаци.“

Потоа си запалив свеќичка во црквата, на чија реставрација се работеше во тој момент и полна импресии си заминав оттаму. Дефинитивно ви препорачувам да го посетите ова неверојатно место.

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-57.jpg

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-55.jpg

Следуваше селото Љубаништа каде плажата и дното на езерото се песочни, па прекрасниот манастир Свети Наум, кој е изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на неговата најјужна точка, и од вода изгледа величествено, исто како и од копно.

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-28.jpg

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-64.jpg

Потоа на враќање назад, додека возевме со мала брзина, уживавме во езерото мирно како тепсија, се сончавме и разладувавме со студено пивце, наидовме на дечко качен на коњ како стои во плиткото под сенката од дрвјата, чии гранки се капеа во водата на Охридското Езеро.

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-70.jpg

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-71.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Манастири во Македонија кои вреди да ги посетите - тука верниците го наоѓаат својот духовен мир Скриени во недопрената природа манастирските комплекси во нашата земја се вечни ...
Места во Македонија од каде што можете да ги видите најубавите зајдисонца (фото) Матка, езерото Козјак, скопскиот аквадукт - има многу места низ Македонија во ко...
Летни авантури низ Македонија, за оние кои сакаат адреналин Летање со параглајдер над Охридското Езеро или paintball во Струмица – не мора д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg