„Бев во Охрид, со глисер крстарев по крајбрежјето, јавав коњи, го посетив магичниот манастир Заум – бесценето искуство“

„За мене Охрид носи мирис на детство, има посебен шарм, а сега истражувајќи го неговото крајбрежје со глисер по воден пат сфатив дека навистина имаме непроценливо богатство... Водата на Трпејца, магијата на манастирот Заум, живописноста на јавањето коњи во Љубаништа ме прават горда и сакам на луѓето од целиот свет да им покажам што имаме и да им порачам – Дојдете во Македонија, видете го Охрид! Од параглајдинг до падлборд (веслање на штица), нема да можат да се наситат на забавните активности...“

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-01.jpg

За Охрид како летна дестинација има поделени мислења, но Охрид за мене секогаш бил и ќе остане незаменлив. Покрај летниот одмор на море, задолжително секоја година минувам една седмица и покрај Охридското Езеро.

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-06.jpg

Зошто? Затоа што за мене Охрид е мирис на детство, Охрид е калдрмени улички и најромантични ресторанчиња со италијански шмек, Охрид е кристално чиста вода, Охрид е спектакуларна природа и планини надвиснати над езерото, Охрид е место за кое се пишуваат поеми и романи, а во последно време Охрид е и место за незаборавни искуства.

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-76.jpg

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-78.jpg

Токму такви имав годинава. Имав можност да го истражувам целото охридско крајбрежје, но овојпат од вода со глисер.

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-07.jpg

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-10.jpg

Од утро до зајдисонце со моите пријатели Благој и Кристина и со нивниот син Димитар, кој беше нашиот главен капетан (барем на фотки, се разбира) се возевме и подзастанувавме на најубавите места на македонскиот бисер.

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-11.jpg

Започнавме од пристаништето во Охрид, па се упативме накај некогашната плажа Потпеш, односно пиевме турско кафе од термос под Црква „Св. Јован Канео“.

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-13.jpg

Една од најпознатите цркви во Охрид, изгледа маестрално на карпестиот рид во стариот дел на градот гледано од вода.

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-15.jpg

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-16.jpg

Потоа следуваше некогашната вила на Јосип Броз Тито „Билјана“, која се смета за една од најтајните вили на некогашниот претседател на СФРЈ.

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-18.jpg

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-19.jpg

Па, следеа хотелите со нивните плажи од кои според мој вкус најсредена е „Park Golden Beach“, ако сакате да уживате со коктел во урбана атмосфера.

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-20.jpg

Но, ако сте за журка со диџеј, младешка енергија, танцување или релаксирање под природна сенка, тогаш ви ја препорачувам плажата „Оревче“, односно Градиште 4.

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-31.jpg

И дефинитивно најубаво уредување со експлозија од бои и неверојатно зајдисонце има плажата „Jungle Beach“, односно Градиште 3.

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-03.jpg

bev-so-ohrid-so-gliser-krstarev-po-krajbrezhjeto-javav-konji-go-posetiv-magichniot-manastir-zaum-besceneto-iskustvo-02.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Манастири во Македонија кои вреди да ги посетите - тука верниците го наоѓаат својот духовен мир Скриени во недопрената природа манастирските комплекси во нашата земја се вечни ...
Места во Македонија од каде што можете да ги видите најубавите зајдисонца (фото) Матка, езерото Козјак, скопскиот аквадукт - има многу места низ Македонија во ко...
Летни авантури низ Македонија, за оние кои сакаат адреналин Летање со параглајдер над Охридското Езеро или paintball во Струмица – не мора д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg