Како да стигнете до скриената рајска плажа Kavourotripes Paradise, на вториот крак во Грција? (фото)
Рајска плажа со бел песок и карпи, кристално чиста тиркизна вода, скриена под природна шума - како изгледа и како да стигнете до една од најубавите плажи на вториот крак во Грција?
Вториот крак во Грција изобилува со недопрена природа, комерцијални, но и диви плажи каде можете да уживате под шума со поглед кон бесконечното азурно море.
Покрај повеќето познати плажи кои важат за најубави на Ситонија, има и една рајска плажа до која се стига по тесно земјено патче.
Kavourotripes Paradise плажата му припаѓа на брегот на Кавуротрипес, а се наоѓа недалеку од прекрасни плажи Orange и Mega Portokali, на само 8km од Сарти.
Како да стигнете до плажата?
- Ако доаѓате од правецот на Сарти, на околу 1.5km откако ќе наидете на табла за Orange Beach (Portokali) и Mega Portokali, ќе видите знак на кој пишува Kavourotripes Paradise beach.
- Кај таблата свртете од главниот пат и возете отприлика уште 1km по земјен пат, додека не наидете на паркинг.
- Паркирајте го автомобилот (и не оставајте ништо вредно во него), а по тесните земјени патчиња, спуштете се кон рајската плажа.
Таму денес има егзотичен бич бар со лежалки и чадори, но има уште една помало местенце, каде можете да си поставите пешкир и да уживате.
Над плажата, во шума е поставена кантина која служи пијалаци и грицки, а во околината има лулки и перници за опуштање.
Се препорачува да ја посетите во работен ден и да отидете порано за да најдете слободно место, со оглед на тоа што е популарна, а не многу голема.
Фото-прошетка низ рајската плажа со бел песок, тиркизна вода, пријатно ветре и звукот на птиците:
https://www.instagram.com/p/CfeORiPsrwS/
М. М. | Црнобело