„Скопје, најчудниот град на светот“ – Пар од Јужна Африка открива како ја доживеал Македонија
„Берлин ли е? Париз ли е? Не, тоа е најчудниот град на светот - Скопје. Манастирот Свети Никола Шишевски - имаше доста качување и немавме поим уште колку качување уште има, но дефинитивно вредеше за глетката. Видовме само 5 од 365-те цркви во Охрид - мора да се вратиме...“, се дел од искуствата на пар од Јужна Африка од патувањето во Македонија.
Пар од Јужна Африка работи онлајн и патува низ светот. Меѓу низата десинации кои ги има посетено е и Македонија.
Тие ги споделуваат своите искуства на Инстаграм профилот „Kinfolk Travels“.
За своите патувачки авантури велат:
„Патувањето е забавно, но не е секогаш лесно да си далеку од домот, семејството и пријателите.
Но, бидејќи патуваме двајцата заедно полено е да имаме епски авантури, да посетуваме нови места, да искусуваме нови култури и сето тоа да го вклопиме со нормалниот тек на животот, односно кое млеко да го купиме, какво сместување преку Airbnb да избереме, која е најдобра СИМ картичка, каде да пронајдеме овошје и зеленчук, па малку да плачеме кога плановите не ни испаѓаат, но и да му се радуваме на сето тоа што ни го дава животот и да сме сигурни дека секој миг вреди злато.
Работиме како дигитални номади и посетуваме прекрасни места, кои не ни знаевме дека постојат и кои најверојатно да не се нафатевме на оваа авантура немаше никогаш ни да ги посетиме.“
Авантуристичкиот пар ја посети Македонија во 2021-ва година, а на Инстаграм тие прикажаа како ја доживеале.