Волонтирав во хостел во Бугарија неколку месеци – кои лекции ги научив?

Волонтирањето може да ви даде трансформативни искуства, каде што можете да научите многу нови работи и исто така да го практикувате она што не го знаете доволно. Исто така, ќе можете подобро да се запознаете себеси, ќе можете да видите дека сте способни за многу повеќе работи отколку што сте замислувале кога сте биле во вашата комфорна зона.

volontirav-vo-hostel-britancite-probaa-rakija-a-devojche-od-nigerija-pristigna-vo-letna-obleka-na-20-stepeni-01.png

Јас волонтирав во хостел во Бугарија каде што останав неколку месеци. Како го пронајдов овој хостел? Постои веб-страница наречена workaway.info преку која можете да најдете различни волонтерски проекти насекаде низ светот. 

Добивате бесплатно сместување во замена за работа. Исто така, добивате и храна или пари (доволни за да купите храна и за некои други ситни потреби).

Кога пристигнав во хостелот имаше волонтери од Франција, Малезија и Белорусија со кои живеевме во една соба каде што имаше уште 4 дополнителни кревети за гостите кои се менуваа секојдневно. Потоа живеев и со други волонтери од Нов Зеланд и Унгарија. 

Хостелот беше мал. Нашата соба беше на првиот спрат, а на вториот и третиот спрат имаше уште 4 соби (двојни и за повеќе гости). Нашата работа беше да ги спремаме собите секојдневно и да помагаме на рецепција. Работата беше лесна и не ни одземаше повеќе од 2 часа дневно, а имавме и слободни денови.

За тие неколку месеци живеејќи помеѓу луѓе со различни размислувања, различни култури и религии, научив и пробав (и продолжив да практикувам) многу работи, а денес ќе ви споделам неколку.

Што научив за време на волонтирањето:

1. Утрата започнувајте ги со чаша топла вода како 80-годишниот патувач од Канада кој тврдеше дека тоа е тајната на долговечноста.

2. Доаѓа клише фразата „Ценете ги малите работи и радувајте му се на животот“, како што волонтерката од Нов Зеланд му се радуваше на првиот снег кој го има видено во животот и уживаше во правењето на првиот снешко.

3. Во хостелот имаше група глувонеми луѓе кои беа гости еден месец и секојдневната комуникација навистина беше тешка. Сакам да ви кажам дека не треба да ги избегнувате, туку можете да разговарате со нив со помош на бавно зборување.

Освен бавното зборување, водете разговор на место со добро осветлување, бидејќи читањето од усните и изразите на лицето играат важна улога во комуникацијата со глувонемите лица и во темна просторија тие нема ништо да ве разберат. Така ќе им помогнете да се чувствуваат поинтегрирано во средината. Секако, полесниот начин е да користите куцање на телефон.

4. Според многу истражувања, Британците пијат повеќе од која било нација на планетата и јас бев уверена во тоа. До оној момент кога видов дека ниту еден од гостите не можеше да преживее вечер со многу ракија. Не им (многу) верувајте на истражувањата што ги читате на интернет.

Уште 4 работи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg