Зошто главниот град на Ерменија е уникатно доживување?

Ереван е антички град стар повеќе од 2.800 години, дури постар од Рим. Има комплицирана и драматична историја, но има и гостопримливи луѓе кои се богатството на овој град полн со мешавини на боемски и модернистички стилови.

eden-den-vo-erevan-shto-mozhete-da-vidite-vo-glavniot-grad-na-ermenija-01.png

Пред да патувате за Ерменија, треба да знаете дека ви е потребна електронска виза (за која можете да аплицирате тука).

Цената за визата за 21 ден е 6 долари, а доколу сакате виза за 120 дена, тогаш цената е 30 долари.

За да аплицирате ви се потребни документи кои докажуваат дека имате повратен билет, резервација од хотел или друг документ кој прикажува дека имате место за престој, доволно пари за целиот престој и/или гарантно писмо. 

Што можете да посетите во Ереван за еден ден?

Пазарот Vernissage

Ова е одличен пазар за купување подароци од Ерменија. Многу накит, резби на дрво, антиквитети, килими, чанти и сувенири. Ќе уживате поминувајќи неколку часа на пазарот.

Овој пазар е централно лоциран со некои убави кафулиња и ресторани во близина. Се наоѓа близу до плоштадот Република од каде што ќе можете да продолжите со истражување на градот и да направите неколку прекрасни фотографии со различните знаменитости.

View this post on Instagram

A post shared by Baykar Sepoyan (@xtrafrezsh)

Плоштадот Република

Овој плоштад е местото каде што се случуваат сите средби. 

„Ќе пиеме кафе? Те чекам на плоштад Република.“ 

Прва љубовна средба? Пак тука.

Кога шетате наоколу ќе забележите дека зградите што го опкружуваат плоштадот се во сталинистички стил. Очигледно дека советското влијание, попрво протекторат или периферен регион на СССР, сакал јасно да покаже кој е главен таму.

Северната авенија

Од плоштадот можете да продолжите низ Северната авенија каде што ќе видите луксузни згради, врвни брендови на продавници и многу кафулиња.

Ова е најскапата улица во Ереван и секој пијалак овде ќе биде многу поскап од кое било друго место во градот.

Ако не сакате да пиете кафе или да ги посетите скапите продавници, прошетајте низ улицата, бидејќи во попладневните часови можете да видите неколку улични изведби преку кои млади артисти танцуваат традиционални ора.

Операта и нејзините градини

Зградата на операта е сива, но опкружена со прилично жив парк. Одлично место за рекреација за жителите што е како мало повлекување од прилично пеколниот сообраќај на градот.

Има неколку кафулиња и ресторани каде што можете да уживате во ручек, пиво или вкусен десерт и да бидете опкружени со зелен свет.

Каскада

Каскада се гигантски скали направени од варовник. Како што се качувате по скалите, овој музеј на отворено продолжува со повеќе скулптури, кои навистина привлекуваат внимание поради нивниот распоред, скулптурата и поради белиот мермер.

Сината џамија

Оваа џамија има изразен персиски стил и ве носи на далечни места како Самарканд или Кива (градот кој ја инспирирал книгата Илјада и една ноќ).

Нејзините сини, бели и жолти плочки, како и небесно синиот свод и даваат навистина посебен сјај.

Оваа џамија, како и останатите џамии во градот, била затворена за време на советската ера. Дури во 1990-тите иранската влада направила значителна инвестиција за да ја вратат, па така денес оваа џамија прима посетители од сите земји без разлика на националноста и религијата.

Најдоброто нешто во врска со оваа џамија е што се наоѓа во приватна област, далеку од автомобили (да, има многу сообраќај во Ереван) и е прилично мирно место со прекрасна градина.

М. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
Најубавите божиќни базари во Европа за 2023, кои вреди да ги посетите Од базарите во Стразбур и Колмар во Франција, до малиот базар во Опатија, Хрватс...
Предлог зимска дестинација во Македонија: Нижеполе изгледа како снежна бајка Доколку сакате да се релаксирате, да уживате во топол чај со прекрасна глетка ил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg