Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тивок и величествен – Пераст, еден од скриените бисери на Црна Гора (фото)

Изгледа како парче од Венеција што пловело по Јадранот и се закотвило во Которскиот залив - Пераст дише со меланхолични спомени од деновите кога бил богат и моќен. И покрај тоа што има само една главна улица, овој мал град може да се пофали со 16 цркви и 17 поранешни големи палати.

Tivok-i-velicestven-Perast-01.jpg

Според пописот од 2011 година, местото броело вкупно 269 жители. Тивок и величествен, овој мал град е парче рај кое ја заслужува вашата посета.

Пераст е сместен во подножјето на ридот Свети Илија во Которскиот залив. Името го добил по илирското племе Пируста, а за раното населување на овој крај сведочат праисториските остатоци пронајдени во пештерата Шпил над Пераст.

Двете островчиња во близина на Пераст заслужуваат да се споменат – Свети Ѓорѓија и Богородица на карпите, кои се едни од најидиличните места во земјата.

Најдобриот начин да се посети регионот е со брод кој тргнува од Котор до Пераст.

Како изгледа тивкиот, волшебен Пераст во Црна Гора?

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
„Ги посетив сите држави во Европа - Бугарија ме разочара, Црна Гора ми е најпозитивно изненадување“ „Италија ми е омилена. Секој може да си ја дозволи, иако не е најевтина. Пејзажи...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg