Топ 8 бич барови на првиот крак на Халкидики
Кревети со завеси зад кои ќе се скриете, перници и декорации во бохо стил, шанк покрај кој има луда забава – 8 бич барови на првиот крак кои нудат уживање за сечиј вкус. Кој ќе биде вашиот избор летово?
Летната сезона веќе е отворена, па време е топлите викенди да се искористат за кратко патување до најатрактивните и блиски места во Грција.
Македонците често се одлучуваат за првиот крак на Халкидики, Касандра, затоа што е блиску, лесно достапен и изобилува со плажи за сечиј вкус.
Ако сте од оние кои сакаат денот да го поминат во бич бар, почнувајќи со прво утринско фрапе, па вкусен оброк и да завршите со ладно пиво или коктел, имаме неколку предлози за вас.
Бич барови на првиот крак кои и оваа сезона ќе бидат преполни со туристи расположени за уживање, но и за забава:
Achinos Beach Bar, Ханиоти
Минималистички и истовремено луксузни текстури во уредувањето создаваат удобна атмосфера која совршено се вклопува со природната околина. Денот започнува со уживање во тиркизното море, а завршува со луда забава.
https://www.instagram.com/p/CdLNYW6Dn_m/
Anemos Beach Bar, Сани Бич
За љубителите на вистинско уживање и размазување со вкусна храна и пијалаци покрај тиркизно море, но и за оние кои сакаат спортови на плажа и вода.
https://www.instagram.com/p/CSoX79Fq6er/
https://www.instagram.com/p/Cc44_uGqpE6/
https://www.instagram.com/p/CT6_8VeoqQ9/
Laguna Beach Bar, Ханиоти
Бич бар каде преовладуваат препознатливите бои за Грција – сина и бела. Уживајте покрај тиркизното море или покрај базен, во ладен пијалак и морски плодови, или со наргиле и шампањ.
https://www.instagram.com/p/CRBSPnSFffG/
Villas Beach, Полихроно
Место каде деновите и ноќите покрај море ќе ги поминете со вкусна храна и пијалаци, многу танцување, музика и моменти за паметење. Сезоната се отвора на 10-ти јуни 2022.