Бев во Италија, ги посетив Венеција, Верона, Трст и Милано и не можам да одвојам фаворит – магични се

Првпат ја посетив Италија во 2018-та година. Бев на одмор на островот Сицилија, поточно во магичната Таормина. Сега ги посетив Венеција, Верона, Трст и Милано и Италија уште еднаш ми го украде срцето. Што ме воодушеви најмногу?

bev-vo-italija-gi-posetiv-venecija-verona-trst-i-milano-i-ne-mozham-da-odvojam-favorit-magichni-se-01.jpg

Првпат ја посетив Италија во 2018-та година. Бев на одмор на островот Сицилија. Во срцето, во Таормина, во едно од ретките места на кои би одела одново и одново. Ова гратче го нарекуваат бисерот на Сицилија, а има и зошто!

bev-vo-italija-gi-posetiv-venecija-verona-trst-i-milano-i-ne-mozham-da-odvojam-favorit-magichni-se-002.jpgСицилија 2018

Таормина е магична бајка со калдрма, а цела Сицилија е приказна за себе. Да, бев и во барот Вители во селото Савока, знаете каде пиеше кафе Вито Корлеоне од култниот филм „Кум“.

И нема да раскажувам понатаму, ќе си споменам само и за највкусниот сицилијански десерт каноли и за плоштадот во Таормина со совршена италијанска музика и луѓе што пијат Aперол шприц, танцуваат и знаат како се сака животот и како се ужива во него.

bev-vo-italija-gi-posetiv-venecija-verona-trst-i-milano-i-ne-mozham-da-odvojam-favorit-magichni-se-003.jpgСицилија 2018

Сега, посетив друг дел од Италија. По вторпат таму, но подеднакво маѓепсана како и првиот пат.

Зошто?

Затоа што во Трст ги видов најпрекрасните луѓе од сите генерации со совршен моден стил. Излезени како од модно списание во буквална смисла на зборот.

Овој мал, но совршен приморски град ми приреди уживање во изложба со автомобили олд тајмери, но и препознатливиот италијански пијалак Aперол шприц во локали кои дишат со префинетост, се разбира, послужен со мезе и насмевка.

bev-vo-italija-gi-posetiv-venecija-verona-trst-i-milano-i-ne-mozham-da-odvojam-favorit-magichni-se-13.jpg

bev-vo-italija-gi-posetiv-venecija-verona-trst-i-milano-i-ne-mozham-da-odvojam-favorit-magichni-se-14.jpg

Верона ме освои со калдрмата, тесните улички, архитектурата која раскажува приказни стари илјадници години, како и романсата на култните Ромео и Јулија и сите обележја за нив.

Динамиката на градот ја почувствував и поради маратонот, кој се одржа токму во тој миг, и сета енергија сервирана на едно место.

bev-vo-italija-gi-posetiv-venecija-verona-trst-i-milano-i-ne-mozham-da-odvojam-favorit-magichni-se-05.jpg

bev-vo-italija-gi-posetiv-venecija-verona-trst-i-milano-i-ne-mozham-da-odvojam-favorit-magichni-se-02.jpg

bev-vo-italija-gi-posetiv-venecija-verona-trst-i-milano-i-ne-mozham-da-odvojam-favorit-magichni-se-04.jpg

bev-vo-italija-gi-posetiv-venecija-verona-trst-i-milano-i-ne-mozham-da-odvojam-favorit-magichni-se-03.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

12 причини зошто би сакала да се родев во Италија За да пијам вино во Тоскана, да јадам каноли од кои тече крем од ф'стак на Сицил...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg