Скопски аквадукт - омилено место за фотки на нашите инстаграмџии
Скопскиот аквадукт е една од позначајните знаменитости на нашиот главен град. Десетици лакови кои се потпираат на масивни столбови со зеленило и небесно сино небо во позадина е спектакуларната глетка која ја обожаваат нашите инстаграмџии.
Овој аквадукт и археолошко наоѓалиште се наоѓа кај Визбегово, во непосредна близина на градот Скопје.
Датумот на неговата изградба до скоро не бил познат. Се сметало дека тој датира од времето на античкиот период на Римското Царство или средновековниот период во времето на Јустинијан I, па поради тоа овој аквадукт се нарекува и Јустинијанов аквадукт.
Се смета дека преку аквадуктот била спроведувана вода од изворот Лавовец во селото Глуво на Скопска Црна Гора, до „топџиската касарна“, Мустафа-пашината џамија, до некогашниот турски уќумат, Куршумли-ан и Сија-беговата џамија.
Се верува и дека поради сличноста со техниката на градење на аквадуктот со Куршумли ан во Скопје, тој не потекнува од византискиот период, туку бил граден во текот на XV век.
Аквадуктот за последен пат бил обновен по Скопскиот земјотрес во 1963 година, кога биле поправени три лака и два столба кои паднале од јачината на земјтресот.
Совршено е за фотки, па не е чудно што е едно од омилените места на македонските инстаграмџии.
Фотографии на македонските инстаграмџии:
https://www.instagram.com/p/CPQqpCrr6aa/
https://www.instagram.com/p/CCjGFJ7Jax6/
https://www.instagram.com/p/CPq1XLLLZzc/
https://www.instagram.com/p/CB8N-rwnODH/
https://www.instagram.com/p/BhKhN7lHxfl/
https://www.instagram.com/p/CSZ_gk4M3bV/
https://www.instagram.com/p/BzTFBpyhH1_/
https://www.instagram.com/p/B1ylzvfIC5v/
С. С. | Црнобело / инфо: Википедија