Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Недостасуваат само принцези и џуџиња: Необично село во Романија - како да го изградиле самовили (фото)

Легендата вели дека местото каде што е изграден замокот бил населен со магични суштества. Затворете ги очите и замислете си ги омилените приказни од детството.

Neobicno-selo-vo-Romanija-kako-da-go-izgradile-samovili-01.jpg

Потоа, погледнете ги фотографиите и бидете искрени – зарем ова место не изгледа како да ги крие хероите од омилените детски бајки во него?

Името на ова необично село во Романија е „Castelul de Lut Valea Zânelor“ што во превод значи „Глинен замок во Долината на самовилите“.

Верувале или не, ова место постои само 6 години, но веќе стана светска атракција која ќе ве натера да помислите дека бајките навистина постојат во реалноста.

За да стигнете до него мора да поминете низ Трансилванија, а селцето се наоѓа во близина на малото село Порумбаку Де Сус, и е лоцирано на 39 километри од градот Сибиу.

Castelul de Lut Valea Zânelor“ е всушност еко-село со замок, а го изградиле Разван и Габриела Василе, брачна двојка на кои им дошло преку глава од брзиот живот, асфалтот и вревата на големиот град.

Родителите сакале да му овозможат поздрав начин на живот на своето дете, па го продале својот дом во центарот на Букурешт и решиле да изградат замок од целосно природни материјали.

Сите куќи се направени од комбинација на речен камен, глина и песок, а хотелот кој наликува на замок има приземје и кат, 2 кули, 10 соби и дури 50 прозорци.

Локалната легенда вели дека земјата на којашто е изграден замокот била населена со магични суштества – самовили и дека тие продолжуваат да го штитат местото кое некогаш било нивен дом.

Посетителите може да уживаат во навистина прекрасен поглед – замокот е опкружен со планини од сите страни, во близина има мала река, а целото село е преполно со градини и детали како од најубавите приказни.

За да се зачува автентичноста на местото, се примаат само мали групи на посетители, а замокот е особено привлечен за разни прослави како свадби, крштевки и слични церемонии.

Дали сте виделе нешто посимпатично? Навистина наликува на бајка, нели?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
„Ги посетив сите држави во Европа - Бугарија ме разочара, Црна Гора ми е најпозитивно изненадување“ „Италија ми е омилена. Секој може да си ја дозволи, иако не е најевтина. Пејзажи...
Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg