Цигарите се забранети, нема загадување на воздухот: Зошто се верува дека жителите на Бутан се едни од најсреќните?

Според многу параметри, Бутан е далеку од најсреќната земја во светот. Но вредностите што ги негуваат жителите – како давање приоритет на духовната благосостојба, наместо на богатството – можеби сепак ги прават едни од најсреќните.

Butan-zemja-so-najsreknite-lugje-na-svetot-01.jpg

Со векови, Бутан е земја која не подлегнала под надворешно влијание и која ги штити и негува своите традиции.

Всушност, до 1970-тите, ретко кој можеше да ја посети оваа земја.

Butan-zemja-so-najsreknite-lugje-na-svetot (2).jpg

Кога властите сфатиле дека забрзаниот развој кога-тогаш ќе ги стигне и нив, создале навистина необичен концепт, познат како „Национален индекс на среќа“.

Целта на овој концепт е да се обрнува внимание на менталната и емотивната состојба на народот, а не само на забрзаниот развој и материјалното богатство.

Butan-zemja-so-najsreknite-lugje-na-svetot (3).jpg

Овој концепт вклучува анкетирање на жителите, кои одговараат прашања од девет области, како нивни достигнувања, психичка состобја и слично.

„Ние во Бутан сме многу уникатни. Нашата демократија е многу, многу уникатна. Во некоја смисла, ние сите се водиме според нашите национални вредности.

Исто така, никогаш не го ставаме нашиот личен интерес пред интересот на народот“, има изјавено сегашниот премиер на државата.

Butan-zemja-so-najsreknite-lugje-na-svetot (4).jpg

„Нашиот национален индекс на среќа значи контрола на умот, контрола на личните желби во животот.

Немојте да им љубоморите на другите, бидете среќни со она што го имате, бидете сочувствителни, бидете дел од општество во кое ќе сакате да споделувате со другите“, додава тој.

Butan-zemja-so-najsreknite-lugje-na-svetot (7).jpg

Некои веруваат дека Бутан е најсреќната земја на светот. Факт е дека ова не е точно, бидејќи населението сепак се соочува со сиромаштија и бројни други проблеми.

Но, овој пристап на несебичност што го негуваат сите носи бројни придобивки. На пример, Бутан е држава со најниско ниво на загаденост на воздухот.

Butan-zemja-so-najsreknite-lugje-na-svetot (9).jpg

Животот се цени и почитува во оваа земја, па сите диви животни се заштитени.

Заштитена е и природата – според законот, најмалку 60% од површината на државата треба да биде покриена со шуми. Со ова се спречува несовесното сечење, па денес околу 70% од територијата на Бутан е покриена со шуми.

Исто така, пластичните кеси се забранети уште од 1999 година. Забранет е тутунот, и тоа од 2005 година, па Бутан важи за првата земја во светот во која нема пушачи.

Butan-zemja-so-najsreknite-lugje-na-svetot (1).jpg

Иако многу жители се соочуваат со сиромаштија, жителите се држат до горенаведените принципи.

„Кога знаеме дека материјалното богатство нема да ни го даде она што навистина го сакаме во животот – мир и среќа – тогаш зошто тоа да ни биде главна цел? Мора да мислиме на идните генерации“, додава премиерот.

Butan-zemja-so-najsreknite-lugje-na-svetot (5).jpg

 (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg