„Цел живот одев во евтино сместување преку Airbnb, а сега во хотел со 5 ѕвезди - што ме изненади најмногу?“

„Со рецепционерите, вработените кои паркираат автомобили и носат куфери до соба се чувствував како да имам лични асистенти, но се очекува да им дадете бакшиш, а ова набрзо може да достигне висока сума кога ќе земете предвид колку луѓе ви помагаат. Во бањата ќе ве пречекаат многу продукти – од лосион за тело, до прибор за шиење, а неретко ќе добиете и по некој подарок од хотелот“ - раскажува девојка за искуството во луксузни хотели во Канада и Аспен, каде платила околу 500-800 долари од ноќ.

prvpat-bev-vo-hotel-so-5-dzvezdi-shto-me-iznenadi-najmnogu-01.jpg

Моника Хамфрис е млада девојка од САД која често патува, а секогаш изнајмувала сместување на Airbnb или отседнувала во евтин хотел бидејќи не може да си дозволи луксуз.

Но, бидејќи минатата година откажала патување до Африка, ѝ останале многу пари што ги заштедила, па решила да ги потроши на луксузни хотели.

Моника била во три луксузни хотели – еден во Канада и два во Аспен. Во Канада платила 500 евра од ноќ, а во Аспен патила по 848 и 700 долари од ноќ.

prvpat-bev-vo-hotel-so-5-dzvezdi-shto-me-iznenadi-najmnogu-02.jpg

Бидејќи била воодушевена од сите три искуства и се чувствувала како некоја позната личност, таа го споделила своето искуство со Insider.

Во продолжение го пренесуваме искуството на девојката:

Хотелите со пет ѕвезди ја имаат најдобрата локација

Хотелот во Аспен ја има најдобрата локација во градот и скијачкиот терен е веднаш до него, а најдобрите ресторани се во непосредна близина.

Локацијата е всушност едно од најважните нешта за овој хотел и затоа една вечер чини неколку стотици долари.

Тоа што не требаше да трошам време за такси е огромен плус и овој луксуз што го нудат хотелите со пет ѕвезди ми е омилен.

prvpat-bev-vo-hotel-so-5-dzvezdi-shto-me-iznenadi-najmnogu-03.jpg

Рецепцијата беше нов концепт за мене

Во луксузните хотели има цел тим рецепционери чија цел е да ви го направат престојот што е можно поудобен.

Искрено, сметав дека рецепцијата е застарен концепт, но рецепционерите што ги запознав во хотелите беа на моја возраст и ми дадоа одлични совети и предлози.

Дури и пред да пристигнам во хотелот, рецепционерот ми закажа ручеци во локалните ресторани за цела недела.

Сè што јас требаше да направам е да го изберам ресторанот и времето. Кога го менував планот, само им кажував на рецепционерите и тие се јавуваа за да ми ја променат резервацијата.

Се чувствував како да имав лични асистенти.

prvpat-bev-vo-hotel-so-5-dzvezdi-shto-me-iznenadi-najmnogu-04.jpg

Очекував да има микробранова печка во секоја соба

Пораснав во евтини хотели и мотели и во секој од нив имаше микробранова печка.

Во сите луксузни хотели во коишто отседнував немаше микробранова и ова ме изненади бидејќи имаше други апарати, како навлажнувач на воздух и машина за кафе.

Подоцна дознав дека хотелите сепак имаат и микробранова печка, само треба да побарате на рецепција.

prvpat-bev-vo-hotel-so-5-dzvezdi-shto-me-iznenadi-najmnogu-05.jpg

Во бањите има многу повеќе продукти

Она што ме изненади најмногу во бањите на луксузните хотели беа бесплатните продукти.

Во едниот хотел имаше мал сет за шиење, лосион, турпија за нокти, памук, капа за туширање и средство за плакнење уста. Ако сте заборавиле паста за заби, ќе ви дадат на рецепција.

prvpat-bev-vo-hotel-so-5-dzvezdi-shto-me-iznenadi-najmnogu-06.jpg

Луксузните хотели некогаш ви даваат подароци

Во хотелот во Аспен ми нагласија дека грицките и безалкохолните пијалаци во собата се бесплатни. Ова беше одлично бидејќи сметам дека овие работи обично се прескапи во хотелските соби.

А, ова не беше единствениот подарок. Во собата ме пречека и сребрен лист – подарок што ја означува историјата на рудниците за сребро во Аспен.

prvpat-bev-vo-hotel-so-5-dzvezdi-shto-me-iznenadi-najmnogu-07.jpg

Ме изненади тоа што во тоалетите имаше телефони

Фиксните телефони изгледаат застарено во 2022 година, но уште почудно е што вакви телефони имаше во двата хотели во Аспен.

Наводно, ова се случува често и хотелите го додале овој луксуз во 1980-тите и 1990-тите.

Според The Telegraph, телефоните во бањите биле инсталирани за гости кои очекувале многу важен повик, па останале до денес. 

prvpat-bev-vo-hotel-so-5-dzvezdi-shto-me-iznenadi-najmnogu-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
5 знаци дека сте избрале погрешен ресторан на одмор (и ќе зажалите за тоа) Бегајте од ресторани пред кои келнерите стојат и ве канат и обрнете внимание на ...
Лажни резервации за хотел и авионски билети – Како да ги избегнете измамите кога резервирате за одмо... Не наседнувајте на лажни пораки со честитки дека сте добитник на бесплатно патув...
Туристички замки што треба да ги избегнувате во Европа, според локалци Халштат во Австрија, Дубровник во Хрватска, како и замокот на Дракула во Романиј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg