Розово езеро во Австралија изгледа како апстрактно уметничко дело (фото)

Во западниот дел на Австралија се наоѓа лагуната Хат (Hutt Lagoon). Ова е всушност солено езеро сместено во близина Индискиот Океан кое е препознатливо по розовата боја.

rozovo-ezero-vo-avstralija-izgleda-kako-apstraktno-umetnichko-delo-foto01.jpg

Езерото е 14 километри долго, а 2,3 километри широко и е популарна атракција поради уникатната боја.

Во зависност од сезоната и периодот од денот, езерото ја менува нијансата од црвена до розова, па дури и виолетова.

Наводно, впечатливата боја е предизвикана од вид алга која живее во езерото – dunaliella salina.

Фотографката Кристина Макеева од Русија целиот живот сонувала да го посети ова место, а неодамна конечно имала можност и направила навистина одлични фотографии од езерото.

„Одамна сонувам за розевото езеро и излезе дека е многу поубаво отколку што замислував. Има базени со разни нијанси на црвена, розова, а некогаш дури и жолта и сина.

На брегот има розова сол која светка како снег – сè изгледа како некоја апстрактна слика“, вели фотографката за првите импресии.

Во продолжение дел од нејзините фотки:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
Неколку причини зошто да го посетите Бледското Езеро во Словенија Во средината на езерото е сместена црквата „Успение на Богородица“ каде посетите...
5 романтични места во Македонија, совршени за меден месец Кој вели дека мора да патувате во странство за да имате незаборавен меден месец?...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg