Истанбулска разгледница – шарената населба Балат е вистинска „ретро“ атракција вредна за посетa
Грандиозниот Истанбул располага со преку 3000 џамии, многубројни палати и музеи кои се вистински скапоцени камења и сосема ќе го обземат вашето внимание.
Покрај овие непроценливи знаменитости, една од најпознатите области во денешната модерна ера е шарената населба Балат. Овој стар кварт исполнет со прекрасни дрвени куќи и кафулиња во боја веднаш ќе ви создаде „ретро“ вибрации.
Сепак, за разлика од останатите туристички места, Балат не е туристичка атракција, туку станбена зона во која живеат локални жители на Истанбул.
Областа ја стекна својата популарност поради шарените куќички кои одеднаш станаа омилено место на сите „инстаграмџии“, од моментот кога нивните слики почнаа да циркулираат на социјалните мрежи.
Населбата Балат се наоѓа на европската страна на Истанбул, односно на истата страна со популарните туристички атракции во Истанбул како џамијата Аја Софија, Сината џамија, Сулејмановата џамија и палатата Топкапи.
Слично како и остатокот од Истанбул, подгответе се за искачувања и спуштања низ целата област.
Шарените куќички претежно доминираат во жолта, портокалова и сина боја. Уличките се живописни, исполнети со слатки, минијатурни украсени кафулиња и антикварници.
Некои од продавничките се дури и под земја, но сопствениците во континуитет добро ги одржуваат и украсуваат.
https://www.instagram.com/p/CXLQ08cgryv/
Старите и 'рѓосани ѕидови на областа се прекрасно насликани со графити од локалното население. Се чини дека жителите на Балат се прилично креативни луѓе кои ги сакаат боите.
Има шарени скали наречени скали на виножито, кои наводно биле насликани од локалното население бидејќи сакале областа да изгледа убаво и колоритно.
Виулица од луѓе и фотосесии од сите можни агли. За да се постигне совршен агол луѓето дури го блокираат влезот на нечија куќа, така што го забораваат фактот дека тие згради се пред сѐ домови на луѓе, а не јавни споменици.
Во продолжение повеќе фотки од прекрасната, колоритна населба:
https://www.instagram.com/p/CW_L9qagBPc/
https://www.instagram.com/p/CXBQcbMAGb-/
https://www.instagram.com/p/CVf53JkAOx0/
https://www.instagram.com/p/CXwdzseoZGz/
https://www.instagram.com/p/CTUrbXAMywF/
https://www.instagram.com/p/CS_qkfHgUF-/
https://www.instagram.com/p/CXTp1LXA0X0/
https://www.instagram.com/p/CW_MkS7gEce/
https://www.instagram.com/p/CXf5c3vgGyb/
https://www.instagram.com/p/CV2I_zhgozX/
Мила М. | Црнобело