Надреална глетка – Замрзнат фјорд во Гренланд со многу глечери кој е заштитен од УНЕСКО (фото)
Убавината на замрзнатиот фјорд Ilulissat во Гренланд е неспоредлива, а ова место е толку уникатно што е заштитено од УНЕСКО. Овде се наоѓа и „најбрзиот“, како и најактивниот глечер во светот, а од фотографиите на Марија Сахаи ќе посакате веднаш да одите таму.
Гренланд е остров во Северниот Леден Океан и во најголем дел е ненаселен.
Средишниот дел на островот е постојано под мраз, а населението кое брои околу 56.000 жители главно е сместено покрај брегот каде што има помалку мраз.
Гренланд е познат по глечерите и неверојатните зимски пејзажи, а можеби едно од најинтересните места е замрзнатиот фјорд Ilulissat.
Ледениот фјорд е познат по многуте глечери, а поради волшебните пејзажи станал омиленото место за фотографирање на фотографката Марија Сахаи.
„Со години го посетувам Гренланд и едно од омилените гратчиња ми е Ilulissat – познато по надреалните пејзажи каде што малите шарени куќи се опкружени со безбројни глечери.
Овде има едно место кое ми е особено убаво – замрзнатиот фјорд Ilulissat. Во лето често доаѓам овде со термос полн врело кафе за да ги слушам глечерите како паѓаат во океанот“, вели Марија.
За Bored Panda, таа споделува дел од омилените фотографии што ги направила од ова волшебно место.
Фјордот Ilulissat.
Лоциран на западниот брег на Гренланд, 250 километри северно од Арктичкиот круг, ова е фјорд прекриен со масивен мраз.
Овде се наоѓа и глечерот Sermeq Kujalleq кој е еден од најбрзите и најактивните во светот. Глечерот се движи со брзина од 40 метри во ден, а големи делчиња од неговиот мраз се откршуваат и паѓаат во водата.
Парчињата мраз што се откршуваат од глечерите обично се огромни – и до километар високи – поради што не можат да пловат и паѓаат до дното на фјордот. Некогаш „лежат“ на дното со години, сè додека не се искршени од глечерот и другите санти мраз.
Надреалните бои на полноќното сонце на фјордот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





