„Патував 10 часа со траект од Италија до Грција - немаше храна, ниту интернет, а тоалетите беа неподносливи“

„Единственото место од каде можеше да се купи храна беше еден мал ладилник за сладолед, тоалетите беа нечисти, а мебелот имаше сомнителни дамки“ – вели Кристина која со нејзиниот свршеник Тео и кучето Хејзел патувала 10 часа со траект од Италија во Грција.

patuvav-10-chasa-so-traekt-od-italija-do-grcija-nemashe-hrana-nitu-internet-a-toaletite-bea-nepodnoslivi-01.jpg

Професорката по англиски јазик, приватен тутор и авторка, Кристина Муркет, во опширен текст за Insider опишува какво било искуството за време на десетчасовното возење со траект од Италија до Грција.

Па, ако некогаш сте се размислувале за долго патување со траект, можеби ова искуство ќе ви биде од корист, иако не мора да значи дека секогаш и секаде ќе се соочите со истото.

Нејзиниот текст ви го пренесуваме во целост:

„Со мојот свршеник Тео испланиравме тримесечно патување од околу 4.800 km од Англија до Грција, а требаше да се вратиме преку Балканските земји.

Одбравме да патуваме по копнен пат затоа што нашето 10-месечно куче Хејзел од расата Голдендудл тежи околу 30kg и не го собираше под седиштето во авион.

patuvav-10-chasa-so-traekt-od-italija-do-grcija-nemashe-hrana-nitu-internet-a-toaletite-bea-nepodnoslivi-02.jpg

Првиот дел од патувањето помина без проблеми. Додека да стигнеме до Бриндизи во Италија, Хејзел веќе се имаше возено во автобуси, возови, жичници и кајак. Нашиот најнов предизвик беше 10-часовното возење со траект до Игуменица преку компанијата Грималди Лајнс.

patuvav-10-chasa-so-traekt-od-italija-do-grcija-nemashe-hrana-nitu-internet-a-toaletite-bea-nepodnoslivi-02_1.jpg

Ова се најдобрите и најлошите доживања:

Се разочаравме од недостатокот на храна.

Тео и јас плативме за ручек во цената на билетот, но затоа што на кучињата не им е дозволен влез во кафетеријата, сфативме дека ќе треба да јадеме во смени. Ручекот се служи само од 13 до 14 часот и кога се симнав во 13:15 часот веќе имаше огромна редица од луѓе што чекаа.

Поради мерките за социјална дистанца услугата беше екстремно бавна. Додека стигнав да нарачам веќе беше 13:45 и најголемиот дел од топлите оброци беа потрошени.

Кога конечно седнав да јадам, сфатив дека предвреме ја пакуваат храната, па отидов да разговарам со персоналот и да ги замолам да подготват оброк за Тео, но кога се свртев мојот ручек го немаше.

Единственото место од каде можеше да се купи храна беше еден мал ладилник за сладолед во кафулето, но колку сладолед можете да изедете во едно патување?

Кога стигнавме во Грција бев гневна и гладна и посакував да тргневме поподготвени.

patuvav-10-chasa-so-traekt-od-italija-do-grcija-nemashe-hrana-nitu-internet-a-toaletite-bea-nepodnoslivi-04.jpg

Се надевав дека за време на 10-часовното патување ќе успеам и да работам, но не можев да користам хотспот затоа што Јадранското Море нема 4G сигнал. Имаше само неколку оддалечени приклучоци за струја, па не можев ниту да ја наполнам батеријата на компјутерот.

Игравме табла и шах и иако успеавме и да прочитаме доста од книгите што ги носевме, сепак, 10 часа е долго време.

patuvav-10-chasa-so-traekt-od-italija-do-grcija-nemashe-hrana-nitu-internet-a-toaletite-bea-nepodnoslivi-05.jpg

Очекувавме луксуз од пет ѕвездички, но траектот изгледаше запуштено.

Немав можност да видам како е внатре во кабините за престој, но заедничките простории имаа потреба од итна интервенција. Скршени брави, преполни канти за отпадоци и мебел со стар тапацир и сомнителни дамки.

Миризбата во тоалетот беше толку неподнослива, што луѓето чекаа надвор пред тоалетот.

Со оглед на тоа што траектот дозволуваше миленици, претпоставував дека би требало да има определен простор каде што кучињата би можеле да одат во тоалет, но, кога ги прашав вработените, само ми дадоа недефиниран одговор и ме упатија кон надворешната палуба.  

Беше мошне тешко да се најде приватно место за Хејзел да може да се олесни, особено затоа што беше лето, а палубата беше преполна.

Исчистивме по неа колку што можевме подобро, но пак добивме осудувачки погледи, што ни се чинеа дека не се оправдани, затоа што навистина немавме друг избор.

patuvav-10-chasa-so-traekt-od-italija-do-grcija-nemashe-hrana-nitu-internet-a-toaletite-bea-nepodnoslivi-03.jpg

Иако за време на дневното патување не можете да спиете, сепак имавме повеќе време за сончање и за да го гледаме заоѓањето на сонцето.

Најдоброто нешто на ова патување беше едноставното и ненадминливо задоволство од тоа да се биде надвор и да го чувствувате ветерот во вашата коса, на кожата и да ги гледате брановите.

Заoѓањето на сонцето беше прекрасно, особено додека поминувавме покрај теснецот кај островот Крф.

Во далечината можевме да го видиме планинскиот, карпест предел на Албанија, чистите сребрени плажи и силуетите на малите острови како Ерикуза и Отонои, на позадината од розовото и виолетово небо.

feribot-1.jpg

Со двогледот дури се гледаа и автомобилите, куќите, планинските патишта и брановите што се удираа од брегот.

Сѐ на сѐ патувањето ни овозможи нам и на нашиот крзнен пријател ефективно да стигнеме во Грција.

Траектот не доцнеше, персоналот беше пријателски настроен и сите ѝ посветија внимание на Хејзел и ѝ дадоа љубов.“

feribot-2.jpg

Вие сте имале ли искуство со подолго патување на траект?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg