Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Места кои ќе ги снема до 2050

mesta-koi-kje-gi-snema-do-2050-godina-povekjeКлиматските промени наскоро би можеле да избришат од лицето на земјата некои градови, но и цели држави. Како резултат на глобалното затоплување...


...научниците предвидуваат дека до 2050 година ќе ги снема Малдивите, а загрозени се и Лондон, Венеција, Холандија.

Од 19-от век, со индустријализацијата на светот нивото на морето растело во просек по 2 милиметри годишно, што звучи безначајно, но со време прераснува во сериозен проблем.

Како резултат на ова, океаните ќе поплават бројни острови и крајбрежни подрачја од копното.

Кои се местата што се загрозени?

Малдиви е островска земја со најниска надморска височина, највисоката точка се наоѓа на 2.3 метри, а просекот е сè на сè 1.5 метри. Доколку нивото на светските океани продолжи да расте, Малдиви ќе го срушат неславниот рекорд и ќе станат првата земја која што ќе ја проголта морето поради глобалното затплување.

mesta-koi-kje-gi-snema-do-2050-godina-1

Венеција и нејзините прочуени канали одамна тонат, па на туристите сè почесто им се случува со чизми да ги обиколуваат знаменитостите на главниот плоштад Св. Марко.

Големиот корален гребен е најголемиот корален гребен на светот во Коралното море на северо-исток од Австралија и се гледа дури и од вселената. Овој природен бисер набргу ќе го снема поради зголемената температура, загадувањето на водата и ударот на циклоните.

mesta-koi-kje-gi-snema-do-2050-godina-2

Холандија во текот на својата историја е позната по тоа што ја одземаше земјата од морето градејќи брани, но може да се случи да изгуби дел од територијата во наредниот век.

Бангладеш се наоѓа во делтата на реката Ганг и Брамапутра. Глобалното затоплување би можело да биде погубно за оваа земја и да проголта и до 50% од нејзината територија доколку нивото на морето порасне за 1 метар.

На Менхетен и Лос Анџелес, кои се наоѓаат на незначителна надморска височина, им се закануваат поплави.

Заливот Халог во Виетнам, каде локалните жители живеат на самиот брег, наскоро ќе мора да се повлечат подлабоко во копното.

mesta-koi-kje-gi-snema-do-2050-godina-4

Лондон за сега е заштитен со бариерата на Темза, но тоа нема да го спаси од поплави доколку глобалното затоплување не престане.

Доколку имате желба да посетите некое од овие места, почнете со планови за реализација на тоа патување!

Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
7 причини зошто уште веднаш да се спакувате и да го посетите Лисабон Ќе се вратите низ времето со ретро трамвајот број 28, но и ќе ги вкусите најдобр...
6 блиски бич барови во Грција за еден ден или викенд на море Најубавиот бич бар е во околината на Неа Ираклиа, пракрасен бич бар со палми и б...
5 дестинации на Медитеранот, совршени за бегство од реалноста во пролет Шарените куќи во Чинкве Тере или старите градби во Малта - која ќе биде вашата м...
Летни авантури низ Македонија, за оние кои сакаат адреналин Летање со параглајдер над Охридското Езеро или paintball во Струмица – не мора д...
Топ 8 европски дестинации, за патувачи кои ја сакаат зимата, а не скијаат Зимско бегство во Златибор, или уживање во луксуз во Цермат, Швајцарија, но и во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg