Скопјанец со велосипед крстосува низ Македонија - низ фотки ги доловува убавините
Турско кафе направено на Водно и појадок со поглед кон Скопје или пак ручек со пршута на даска и ракија покрај Патишка Река, зарем има нешто повкусно? Цоци Лазаревски со полн здив ужива во убавините на Македонија...
Цоци Лазаревски од Скопје е вљубеник во природата и велосипедизмот.
Тој активно ги истражува убавините на нашата држава, а неговиот Инстаграм профил на совршен начин ги доловува природните убавини на Македонија.
Од утринско кафе на падините на Водно до ручек покрај Бучинското Езеро, тој ужива во секој миг минат во природа.
Козјак, Маврово, Охрид, Скопска Црна Гора, село Кожле, Попова Шапка се само дел од локациите кои обожава да ги посетува.
Цоци некогаш минува и повеќе од 100 километри во еден ден со велосипед за да дојде до некоја од посакуваните дестинации.
Убавините на Македонија, доловени низ неговите фотки:
Водно
Патишка Река
Охрид
Љуботен
Попова Шапка
Село Седларево
Матка
https://www.instagram.com/p/CVL1X5SMW6l/