Популарните дестинации и волшебните скриени пејзажи на Кина, фотографирани со дрон
Фотографот Флоријан Делали кој живее во Шангај бил присилен да престане со патувањата поради пандемијата, но токму ова го инспирирало да почне да ја истражува Кина и да ги фотографира најспектакуларните места со дрон.
Флоријан Делали работи како фотограф, а изминативе 12 години постојано патува и ги фотографира местата ширум светот.
Фотографот живее во Шангај, а поради пандемијата бил присилен да престане со патувањата. Но наместо да очајува, Флоријан ја искористил ситуацијата како можност да ја истражи Кина.
Додека истражувал, „обичниот“ фотоапарат го заменил со дрон, па набрзо направил цел фото-серијал насловен The Beauty of China from the Air (Убавината на Кина од воздух).
Флоријан ги посетил најпопуларните дестинации ширум Кина, но и локациите за кои малкумина слушнале, но сепак пленат со нивната убавина.
Резултатот се прекрасни фотки од птичја перспектива кои ни ги покажуваат Кина и нејзините пејзажи од сосема поразлична перспектива.
Во продолжение најдобрите фотографии на Флоријан од неговиот проект:
Спирова С. | Црнобело