Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Адрпашко-Тепличките карпи во Чешка се пандан на нашата Куклица во кратовско, мистично и волшебно место (фото)

Ова е најголемата групација на карпи во Европа, испреплетени во лавиринти. Издигнувајќи се високо, во најразлични форми и големини, Адрпашко-Тепличките карпи се делкале во текот на годините со помош на водата и времето.

Adrpashko-Teplickite-karpi-vo-Cheshka-01.jpg

Тесните ходници меѓу нив може да направат да се почувствувате малку клаустофобично, но глетката е вредна за секој подзапрен здив.

Секој што ги посетил потврдил дека станува збор за предел „како од друг свет“, „маѓепсана територија“ каде што времето се мери поинаку.

Слично како и нашиот македонски раритет Куклица во кратовско, и Адрпашко-Тепличките карпи се состојат од скаменети луѓе (младоженци, но и еден градоначалник и неговата сопруга), коњи, птици и желки.

Интересен податок е што до средината на 18 век, овие карпи во Чешка претставувале необично, непознато и мошне мистично место, па луѓето се плашеле да влезат и да прошетаат помеѓу нив.

Се сметаат за таинствени, застрашувачки, па дури и маѓепсани! Еден од најтесните процепи помеѓу карпите изнесува само половина метар, што значи дека не секој може да се протне и да помине помеѓу нив.

Еден голем пожар сменил практично сè во овој предел. Луѓето почнале полека да влегуваат низ нив и да ги откриваат богатствата што ги крие местото.

Денес, областа е целосно пошумена, со многу скали околу карпите, како и места за одмор. Карпите некаде се облеани во сончевина, а пак на други места со студ и снег како во Сибир.

Напати се темни и мрачни, тесни и лизгави, а од другата страна се обвиени со пејзаж на зелени ливади, езера и сончеви зраци.

Секој мора да го поседи ова мистично место во Чешка барем еднаш во животот:

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Ги посетив сите држави во Европа - Бугарија ме разочара, Црна Гора ми е најпозитивно изненадување“ „Италија ми е омилена. Секој може да си ја дозволи, иако не е најевтина. Пејзажи...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg