„Бев на Санторини, погледот е совршен, но островот ме разочара - валкани улици и лош мирис“
Селото е навистина мало, па затоа доволни се само два-три часа за го прошетате целото, а на најпознатите места за фотографирање има долги редици, секој ја сака таа позната фотографија на работ на бел ѕид со морскиот хоризонт во недоглед во заднина.
Велат, не можеш а да не посакаш пак да се вратиш на остров кој има повеќе цркви отколку куќи, повеќе магариња отколку луѓе и повеќе вино отколку вода… но, убаво информирајте се за да не разочарате, како и јас првиот пат. Од целиот остров, вреди да се посети само Иа и вулканските плажи, кои не се баш егзотични, но се интересни со црниот песок.
Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.
И. Ј.| Црнобело / фото: приватна архива