„Бев на Санторини, погледот е совршен, но островот ме разочара - валкани улици и лош мирис“

Санторини, или грчкиот рајски остров беше едно од местата на кои најмногу им се радував кога ја видов рутата, арно ама … уште одма да си кажам, се разочарав … за Санторини велат дека е најубавиот грчки остров, идиличен, романтичен, несекојдневен… Па и не е… Ах Грците од сè знаат да направат драма и да преувеличат. Дека е убав е убав, ама и не толку фасцинантен. 

bev-na-santorini-pogledot-e-sovrshen-no-ostrovot-me-razochara-valkani-ulici-i-losh-miris-01.jpg

Работата на брод е тешка, но кога на момент ќе се заборават сите притисоци, сите распореди и труд, сепак постои време за уживање. За моја среќа, како фотограф, имам слободно време секогаш кога бродот е на пристаниште. Па, така, ако не ме совлада уморот, прва сум да го напуштам бродот и барем на кратко да уживам.

Санторини, или грчкиот рајски остров беше едно од местата на кои најмногу им се радував кога ја видов рутата, арно ама… уште веднаш да си кажам, се разочарав. За Санторини велат дека е најубавиот грчки остров, идиличен, романтичен, несекојдневен, па и не е! Ах Грците од сè знаат да направат драма и да преувеличат.

Дека е убав е убав, ама и не е толку фасцинантен. Знаат да направат драма и да преувеличат.

На Инстаграм постојано се восхитуваме на волшебните фотографии од бели куќи со сини покриви, романтични сцени со вино и зајдисонца и идилични пејзaжи со море и маслинови дрвја. Но, никој не напоменува дека овие мали идилични катчиња се само на мал дел од островот, далеку од главното пристаниште и центарот.

ocekuvanja-i-realnost-od-santorini-voodushevena-i-razocarana-pogled-za-milion-dolari-belo-sini-kukji-no-i-vajkani-ulici-i-losh-miris-15.jpg

Поради добрата грчка пропаганда очекував да занемам кога ќе се качам горе, но наместо сини покриви и бели ѕидови ме пречекаа урнатини, лоши патишта и многу отпад на улиците. Самиот пат до горе беше права авантура - со мал брод, па пеш, па жичница… секако немам време за нагоре по скали, а ниту на крај на памет не ми беше да јавнам кутро магаренце.

ocekuvanja-i-realnost-od-santorini-voodushevena-i-razocarana-pogled-za-milion-dolari-belo-sini-kukji-no-i-vajkani-ulici-i-losh-miris-14.jpg

Главниот град на островот е Фира, кој и не е нешто посебно, како и секое туристичко гратче во Грција, продавници, џиџимиџарници, таверни и гиро на секое ќоше. Е тука хит е замрзнатиот јогурт, нешто како сладолед што се служи со различни преливи, овошје и многу слатки мали чуда… Но, улиците несредени, лоша арома од брза храна и ужасен сообраќај, дефинитвно мораш четири очи да отвориш. А продавачите малку нападни, постoјaно нудат бели фустани како на грчките божици, сувенири и магнети, и секако сапуни од маслиново масло.

Мора да признаам она што ме воодушеви е погледот, останав без зборови … би можела со часови само да седам и да го оставам очиве, а и умот да се насладуваат …

ocekuvanja-i-realnost-od-santorini-voodushevena-i-razocarana-pogled-za-milion-dolari-belo-sini-kukji-no-i-vajkani-ulici-i-losh-miris-11.jpg

Сино море, сино небо, хоризонт без крај, бротчиња што пловат наоколу, по некоја луксузна јахта и мојот пловен дом. Она што најмногу ме растажи е тоа што немам време да останам и да го дочекам зајдисонцето, сите велат дека тоа е најволшебниот момент на овој остров. Велат дека во тој величествен миг небото ги има сите бои од палетата на уметник вљубен во играта на четката во неговите прсти.

ocekuvanja-i-realnost-od-santorini-voodushevena-i-razocarana-pogled-za-milion-dolari-belo-sini-kukji-no-i-vajkani-ulici-i-losh-miris-07.jpg

Она што го прави овој остров толку совршен и шармантен се белите цркви со сини кружни покриви, магичен спој на верата и традицијата со синилата на природата, морето и небото. Токму поради ова Санторини е толку познат и посакуван. Но, тие се на другиот крај.

ocekuvanja-i-realnost-od-santorini-voodushevena-i-razocarana-pogled-za-milion-dolari-belo-sini-kukji-no-i-vajkani-ulici-i-losh-miris-18.jpg

Човечкото невнимание ја уништува убавината на островoт со отпадот и ѓубрето наоколу, рушевини, лоши патишта и многу продавници. Локалците живеат од туристите, па во желба да им угодат и да им ги соберат парите го забораваат прекрасниот дар од природата или боговите. Грците на островот или се премногу фини, или премногу груби и нељубезни, но така е скоро насекаде низ Грција.

Пет евра за тура со магаре по 600 скали

Она што најмногу ги привлекува туристите се магарињата, кои се вистинска атракција на островот. Некогаш, одамна, народот користел магариња за да се качи по 600-те скалила од пристаништето до островот. Тогаш, немале друг начин, па морале, а денес ги малтретираат кутрите животинчиња за нечии каприци, мрза или задоволство.

Тура со магаре чини само пет евра, а тие ги носат туристите од или до островот. Има околу 360 магариња кои секојдневно разнесуваат туристи.

Само замислете си прекумерно тежок Американец како гласно се смее додека го јаде третото чоколадо дента и го боде магарето на плус 40 степени по речиси шестотина скали… сликата е жалосна. Околу ова се водат многу полемики и заштитниците на правата на животните бараат да се укине оваа тортура.

Од жичницата по скалите се гледа само едно стампедо од магариња, а нивниот мирис се чувствува од далеку. Инаку жичницата, изградена по барање на населението, чини пет евра и се стигнува за помалку од три минути, а секако погледот е спектакуларен. Ние како бродски екипаж плативме само по едно евро.

ocekuvanja-i-realnost-od-santorini-voodushevena-i-razocarana-pogled-za-milion-dolari-belo-sini-kukji-no-i-vajkani-ulici-i-losh-miris-06.jpg

По посетата на Санторини, или да кажам Фира сум малку збунета, и воодушевена и разочарана, воодушевена од моќта на природата, од погледот кој ме маѓепса, од мирот на морето и свежото ветре, но разочарана од слепата трка за пари и задоволување на туристите.

ocekuvanja-i-realnost-od-santorini-voodushevena-i-razocarana-pogled-za-milion-dolari-belo-sini-kukji-no-i-vajkani-ulici-i-losh-miris-09.jpg

Но, има надеж… велат дека најубавиот дел од Санторини е Иа Вилиџ Oia Village, мал рај сместен на другиот крај на островот, уште поубав, потрадиционален, повеќе сини покриви, повеќе магија …

ocekuvanja-i-realnost-od-santorini-voodushevena-i-razocarana-pogled-za-milion-dolari-belo-sini-kukji-no-i-vajkani-ulici-i-losh-miris-05.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ресорт направен како реплика на Санторини е хит во Кина (фото+видео) Во кинеската провинција Јунан, има ресорт кој е како реплика на Санторини, а бид...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Скриено парче рај во Хрватска – остров без автомобили, со бујна природа (фото) Автомобилите се забранети, а природата е недопрена - како изгледа ова мало парче...
Долги редици, турканици низ тесните улички - Што може да очекувате од Санторини, ако го посетите во ... За совршени фотки на белите кровови ќе треба да се изборите за место со илјадниц...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg