Aктивен одмор: Србија – позната дестинација, ново искуство
Вљубеник сте во природата и непрегледните пространства на недопрената природа се амбиентот во кој го замислувате својот идеален одмор?
Oksana Skendzic - Uvac / Via Ferrata Berim - Kosi most - Outdoor In
Во светот има толку места кои нудат поглед кој Ве остава без здив, и зошто на врвот на својата листа со желби за посети не би ги ставиле оние кои Ви се блиску?
Ви ги препорачуваме 6-те најубави видиковци на Србија кои можете да ги посетите ова лето:
Бањска стена – Taра Национален парк
До еден од најпознатите и најубави видиковци во Србија водат две обележани пешачки патеки и пат од макадам. Пријатната прошетка по шумската патека ќе Ве доведе до ридот и видиковецот, кој се наоѓа на 1.065 м.н.в, и од кој се нуди незаборавен поглед на езерото Перуќац, кањонот на реката Дрина.
Milos Milenkovic - Bobija
Moлитвa – Увац
Патеката за пешаци до уредениот видиковец со дрвена платформа води низ карпести предели. Од видиковецот се протега поглед на Специјалниот природен резерват Увац и Увачкото Езеро со надалеку познатите меандри. Самиот врв Молитва е на височина од 1.247 м.н.в. Карпите на кањонот на реката Увац се природно живеалиште на белоглавиот суп.
Oksana Skendzic - Uvac
Каблар - Овчарско кабларска клисура
До врвот на планината Каблар водат 5 планинарски патеки, кратките и потешките водат низ карпите, a подолгите водат низ питомите бочни рабови на планината. Видиковецот Каблар остава посебен впечаток затоа што од него се гледаат менадрите на Западна Морава која минува низ усправните планини, контурите на околните планини во далечината и градот Чачак.
Dragan Bosnic - Ovcar - Kablar
Козји камен - Стара Планина
Козји камен е видиковец во југоисточна Србија и се наоѓа на 1.181 м.н.в. директно над Завојско Езеро. Погледот се протега на целото езеро, како и на меандрите на Височица на местото каде се влева во езерото. Во далечина, над езерото се гледаат врвовите Бабин зуб и Миџор, највисокиот врв на Стара Планина.
Oksana Skendzic - Stara Planina Tupavica
Плоча – Ѓердап Национален парк
До Плоча води пешачка патека долга околу 3,5 km. Од видиковецот на надморска височина од 355 м, се протега единствениот поглед на Дунав и Казанските вирови. Покрај главниот видиковец, со прошетка по шумска патека може да се дојде до уште два видиковци.
Oksana Skendzic - Djerdap - Ploce
Шиљак – врв на Ртањ
Ртањ е планина која се наоѓа во Источна Србија. Највисоката точка на Ртањ е врвот Шиљак на 1.561 м.н.в. дo кој може да се дојде преку обележаните патеки од различни страни.
Branko Rabicevic - Rtanj, vrh Siljak
Доколку сте во потрага по вистинска авантура и возбудување кои ги овозможуваат екстремните спортови Ви ги препорачуваме атрактивните ферати (тнр. via ferrata „челичен пат“) траси во Србија. Почувствувајте го адреналинот на врвот на карпата со максимална безбедност.
Via Ferrata Berim - Kosi most - Outdoor In
Горњак - Горњачка клисура- Петровац на Млави
Од Белград се пристигнува после еден и пол час возење. Просечното време на искачување е три часа. Via ferrata Горњак е тешка и претставува физички предизвик, со подолги експонирани делови.
Планина Каблар - Овчарско кабларска клисура
Oваа ферата во Србија води до пештерата Турчиновац. Висока 45 m, кривулеста е, а вкупната должина и изнесува 60 м. До дестинацијата се искачува со обезбедени скали, со задолжителна дополнителна опрема – јаже, кацига и појас, како и во придружба на обучени водичи.
Sasa Preradovic - Ovcarsko - kablarska
Берим - езеро Газиводе Зубин Поток
Фератата се наоѓа на карпите на Берим на планината Мокра Гора. Од Зубин Поток оддалечена е 25 km. Ова е најдолга и најтешка ферата во Србија, започнува од логистичкиот камп со планинска патека и се состои од неколку делови.
Gazivode