Бродски дневник на Ивана: „Ме стегаше срцето на скопскиот аеродром кога првпат заминав на брод – по 8 години, пак се пакувам“

Поминаа скоро осум години откако за првпат запловив на луксузен крузер, но сè уште се сеќавам како вчера да беше. Со неполни 25 години и куфер полн со надежи се качив на летот до Венеција за да бидам бродски фотограф.

brodski-dnevnik-na-ivana-od-skopje-me-stegashe-srceto-na-skopskiot-aerodrom-koga-prvpat-zaminav-na-brod-po-8-godini-pak-se-pakuvam-001.jpg

Мама ми ја стегаше раката, а мене ме стегаше срцето додека се збогувавме на скопскиот аеродром, и иако тажна и свесна дека седум месеци ќе бидам далеку од дома, на отворено море, потребата за нешто ново, за авантура, за бегство од секојдневието ме водеше кон непознатото.

Студирајќи новинарство сонував да бидам репортер, и тоа фото репортер, да патувам, сликам и пишувам, како мојот идол од Патуваме и Сонуваме со Аурора, со чии авантури и егзотични дестинации се раѓаше мојата љубов кон новинарството.

Но, наместо да запловам во некој весник или магазин, јас запловив по Медитеранот, откривајќи го светот на модерните морнари.

brodski-dnevnik-na-ivana-od-skopje-me-stegashe-srceto-na-skopskiot-aerodrom-koga-prvpat-zaminav-na-brod-po-8-godini-pak-se-pakuvam-2.JPEG

Мојата драга сосетка заедно со познат скопски фотограф со дебело бродско портфолио, ми раскажуваа за деновите поминати на фантастични плажи, за шопинг турите, ескурзиите, прошетките низ старите крајбрежни градови и секако, заработката во долари, а со тоа ме инспирираа да се осмелам на овој чекор и никогаш не зажалив што ги послушав...

Осум години подоцна, седам во домот во Бразил додека го пишувам ова и полека се подготвувам за следната тура, долгоочекуваната, пост-пандемиска...

Беше топол летен јунски ден кога за првпат стапнав во мојот нов пловен дом... Елегантно, бело-сино, моќно и луксузно бродиште со над 4.000 гости и околку 2.000 луѓе екипаж...

Бев запрепастена од неговата големина и сила.. Се почувстував толку мала и беспомошна, и секако тотално изгубена!

Првиот ден како во сон - документи, правила, документи, уште правила и уште процедури, лекарско уверение, брифинг за безбедност, уште неколку правила и на крај со униформата во раце и бледо сина постелнина, стигнав во мојот мал дел од овој морски свет. Кабината 355, на третиот спрат, под вода... Да, под вода!

brodski-dnevnik-na-ivana-od-skopje-me-stegashe-srceto-na-skopskiot-aerodrom-koga-prvpat-zaminav-na-brod-po-8-godini-pak-se-pakuvam-3.jpeg

Кабината мала, но прилично слатка, со уште помал тоалет и кревети на спрат, а во неа ме пречека цимерката од Никарагва.

Иако збунета и уморна, успеав да се сконцентрирам на сите „важни“ работи што таа ми ги кажуваше за работата, за тимот, за бродот, а таа прилично зборелеста и со силен шпански дијалект.

Со „300 на саат“ ми раскажуваше за тимот кој брои 12 фотографи - од Романија, Бразил, Хондурас, Индонезија, Панама и за моја среќа пар од Македонија, за менаџерот од Романија и за тоа дека успеале да ги фатат сите таргети.

Подоцна колегите ми објаснија дека секоја недела тимот има таргет кој треба да го постигне за да добие висока провизија од продадените фотографии. За мое изненадување, тој процент од продажбата често беше поголем од платата. Одличен старт, нели?

brodski-dnevnik-osum-godini-podocna-dodeka-povtorno-se-pakuvam-se-sekavam-na-prviot-den-na-brod-01.jpg

Првата вечер, скоцкана во новата униформа, со прилично интересна вратоврска со мали, слатки фотокамери стигнав во галеријата. А таа огромна, со црвен тепих и позлатени рамки на кои беа наредени илјадници и илјадници фотографии.

Го запознав тимот, парот од Македонија кои ми беа како ангели чувари и менаџерскиот тим... Многу информации и правила за работата кои се обидував да ги запомнам и да го впијам тој нов свет околу мене.

Останав само малку во галеријата, а потоа ме пратија во кабина, да се одморам по долгиот пат и да се подготвам за новиот предизвик.

Откако се изгубив по патот од фото галерија на седми спрат до мојота кабина на трети и прашав барем тројца за насоки, стигнав во моето ново катче. Плачев, се сеќавам дека многу плачев, иако сега не знам зошто - си реков, нема откажување!

brodski-dnevnik-osum-godini-podocna-dodeka-povtorno-se-pakuvam-se-sekavam-na-prviot-den-na-brod-01.jpg-4.JPEG

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Есенската идила на Маврово и Бистра, со овци и златести полјани (фото) Распослани златести полјани, спокој и стадо овци... Есенски сцени кои ќе ве инсп...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg