8 причини зошто ни недостига патување во Грција - од 14-ти мај ќе бидат отворени границите за Македонците
Oд острови со неверојатни плажи до таверни со вкусна морска храна, зошто Грција е поим за совршен одмор?
Иако корона вирусот нѐ затвори во нашите граници, тоа не значи дека не смееме да отпатуваме на некоја прекрасна дестинација барем во мислите преку фотографии, додека чекаме официјално од 14-ти мај границите на Грција да бидат отворени и за нашите граѓани, како што најави Филипче.
„Во врска со мерките во двете земји, министерот за туризам на Грција, Теохарис, ме извести дека планираат границите во Дојран и Гевгелија да ги отворат за македонските граѓани, но со прикажување на негативен ПЦР тест или доказ за вакцинација. Јас земав обврска да испратам како ќе изгледаат нашите сертификати за вакцинација со сите потребни кодови и листата на овластени лаборатории кои ќе може да издаваат потврди. Се надевам дека нема нешто драстично да се случи со што ќе се влоши епидемиолошката состојба во двете земји дотогаш.“ - изјави министерот Филипче на 31 март 2021.
И додека дел од луѓето сонуваат за далечни егозтични дестинации, многумина од нас би се задоволиле и со само неколку дена покрај море во Грција.
Но, мора да признаеме дека годинава подетално истражувајќи ги убавините на нашата Македонија и тоа како откривме неверојатни места, совршени за одмор и релаксација.