Сурова, но нереално прекрасна убавина – Курилските острови нудат восхитувачка глетка (фото)
Овој живописен архипелаг е предмет на децениски (а некои би рекле и вековен) спор помеѓу Русија и Јапонија. Ова место со вонсериска убавина воедно е и сурово опкружување за луѓето.
Замислете зелени острови со вулкани, гејзери, езера со врела вода, црн песок, бескрајно, тиркизно синило, планини … огнениот архипелаг кој го одзема здивот со причина е предмет на несогласување и битка.
Архипелагот познат како Курили е составен од 56 острови распослани во Тихиот океан подредени од рускиот полуостров Камчатка до јапонскиот остров Хокаидо.
Јужниот дел од Големата Курилска низа сè уште претставува пречка во односите помеѓу Русија и Јапонија. Москва и Токио сè уште не можат да се договорат околу прашањето кому во иднина ќе му припаднат дел од островите. Сепак, политичките тензии околу островите слабо влијаат на животот на локалното население и тој веќе со децении се одвива без значајни промени.
Курилските острови имаат вулканско потекло. Многу села, па дури и помали градови, се наоѓаат буквално на падините на активни вулкани. Честите земјотреси, цунами и ерупции на вулкани повеќепати ги имаат принудено жителите на островите да ги напуштат своите домови. Поради тоа островите се преполни со напуштени куќи.
Секоја година, Курилските острови ги посетуваат голем број на туристи, иако патувањето до нив е едно од најскапите во Русија. Станува збор за голема оддалеченост, но во моментот кога ќе фрлите поглед кон овие неверојатно убави предели ќе ја оправдате цената на патувањето.
Глетката на Курилските острови е восхитувачка убавина која го одзема здивот:
https://www.instagram.com/p/CJqKZnmgHfW/
https://www.instagram.com/p/CJnohWKFs_X/
https://www.instagram.com/p/CJJGkMwBl7Y/
https://www.instagram.com/p/CIXp6lOgfwN/
https://www.instagram.com/p/CIXLps4AvJv/
https://www.instagram.com/p/CF6VzWxBlQb/
https://www.instagram.com/p/CFfTtliDizM/
(О)Милена | Црнобело