„Престојував во куќичка на дрво на Бали и искуството беше неверојатно“
„Овој хотел со куќички на дрво го препорачувам секому кој обожава природа, но не и на оние кои се плашат од височини...“
Shabrina Koeswologito од Индонезија е девојка која обожава патувања, па одлучила да работи онлајн од Бали, а неколку дена да мине и во хотел кој нуди престој во куќичка на дрво.
Таа го пренесува своето искуство за Insider:
„Престојував во магична куќичка на дрво во склоп на хотелот „The Lift“ во Убуд, Бали. Одлучив 4 месеци да работам онлајн од Бали да си ги променам малку животот, а неколку вечери престојував и во овој хотел што нуди престој во куќички на дрво.
Хотелот се наоѓа на неколку километри од познатата „Monkey Forest“, која е дом на преку 500 мајмуни.
Само што почнав да се качувам на скаличките од куќичката на дрво ми се активираше стравот од височина.
Но, од горе имав неверојатен поглед кон базенот, клупите и природата.
Мојата соба имаше прозорци од сите страни и имав панорамски поглед, но ги навлекував завесите поради приватност.