Започна ски сезоната во Банско, Бугарија: Маски се задолжителни на жичниците и ски лифотвите
Ски сезоната во најпопуларниот ски-центар во Бугарија започна со навеани снежни падини. Уживањето е уште поголемо земајќи ги предвид сончевите денови, снежната покривка и чистиот воздух.
Заради заштита од ковид-19, туристите мора да носат заштитна маска или шал додека се возат во кабините, на жичницата и на ски лифтовите. Кабините на жичниците се дезинфицираат трипати на ден. Средства за дезинфекција се поставени и се користат пред и по употреба на жичницата.
Кабините мора да бидат со отворени прозорци. Растојанието помеѓу луѓето при чекање кај жичници и ски лифтови, минимум 1 метар.
Групите во ски школите може да се максимум од 10 луѓе кои мора да имаат заштита на устата и носот. Пред секој тренинг се мери температура на сите учесници.
Растојанието за време на тренинг мора да биде минимум 1,5m. Се препорачуваат индивидуални тренинзи.
Повеќе фотки во галеријата:
Е. П. | Црнобело/ фото: Фејсбук Bansko Winter Resort