„Го посетив местото на потопеното село Глобочица, открив цел еден свет и го јадев највкусното ѓомлезе“

Навидум изгледаше дека летото ќе помине мирно и ќе се одвива по веќе утврдени маршрути. Познати локации, исти луѓе со нови проблеми, ограничено движење … 

potopenoto selo globocica ili cel eden svet goltnat pod voda 2

Искрено, не бев воодушевен од таа помисла, но кога веќе месец октомври стапи на сила се фатив себеси како сè уште ги средувам импресиите од летните патувања. Ги имаше многу.

Воопшто не сонував дека ќе имам лето исполнето со авантуристички доживување во период на глобална пандемија. Знам дека не сум единствен со вакво сценарио, сите се препуштивме да ја истражиме Македонија колку што можеме повеќе.

Имам едно доживување кое сакам да го споделам со вас. На патот помеѓу Струга и Дебар постои едно село, наречено Глобочица. Можеби местото нема да ви привлече внимание ако не ја знаете трагичната приказна што тежи со децении наназад и од самото слушање ве прави да се чувствувате неудобно, истовремено будејќи ја вашата емпатија.

Во кратки црти тоа би изгледало вака: градење на хидроцентрала „Глобочица“ и потопување на целото село!

Откако се паркиравме покрај патот, излетав од колата за да можам што поскоро да се соочам со местото. Од далеку гледано, заезерената долина на Црн Дрим, каде што се наоѓа езерото Глобочица изгледа скротувачки.

Онака би можел со часови да седиш и да гледаш наоколу, но ако знаеш дека водената површина голтнала цел еден свет, сигурно нема да ти биде сеедно.

Неколку закотвени кајчиња се наоѓаа пред мене, како да беа нетрпеливи да ги пренесат новодојденците. Меѓу кои бев и јас. Веројатно им ласкаше што беа единствениот транспорт до селото, па штом се појавија мештаните со еден поголем сплав без да губиме време, заедно со нив се префрливме на другата страна.

go-posetiv-mestoto-na-potopenoto-selo-globochica-otkriv-cel-eden-svet-i-go-jadev-najvkusnoto-gjomleze-02.jpg

Возењето не траеше повеќе од десет минути. Но, истовремено тоа ми беше и најчудното искуство. Што ако претходно имам патувано со бродови на подолги дестинации, кога во овој случај бев свесен дека на дното постои цел пустош. Недопирлив и разгневен свет. Тоа беше првата помисла за местото.

Имаше гробишта на дното од езерото, остатоци од куќи со умртвени приказни на сопствениците, еден куп предмети од дамнешно време и она по што тагуваат сите, црквата „Св. Илија“ …

Пред да се потопи селото, мештаните во 1964 година се преселиле во Струга и околината, но нивната желба да се вратат во родното место не ги оставило на мир. Па, така пред дваесеттина година пребеганите, заедно со нивни потомци и чувство на заедништво решиле од почеток да го изградат заборавеното село.

Било напорно, сите го потврдија тоа. Сепак не се откажале. Имале верба, а во слични моменти тоа е најважно.

Сè се пренесувало преку езерото, цигла по цигла. Прво ентузијазмот го насочиле спрема градење на спомен-плоча за паднатите борци од Илинден и НОБ, а постепено селото Глобочица добило своја викенд населба со четириесеттина куќи.

Имав чувство како да се знам со мештаните, беа толку пријателски расположение, што сакаа да го споделат секој детаљ од нивните животи. Едноставно не престануваа да зборуваат додека шетавме по шумската патека во дабова шума спрема црквата „Св. Антонија“.

Како да сакаа сета мудрост да ја споделат со нас. Ретки се такви луѓе.

go-posetiv-mestoto-na-potopenoto-selo-globochica-otkriv-cel-eden-svet-i-go-jadev-najvkusnoto-gjomleze-03.jpg

Мештаните имале желба да ја возобноват црквата „Св. Илија“, па вметнале камен плоча од потопената црква, која според наодите била изградена во 15 век. Најинтересно е тоа што кога група на нуркачи се нурнала во мрачните води по некое време се појавиле на површина со камен, којшто бил крст од потонатата црква. Овој момент сите го протолкувале како некој Божји знак и знаеле дека постапиле правилно.

Пред да се вратам на секојдневието, го каснав највкусното ѓомлезе на тетка Виолета која со страст го правеше и срдечно го сподели со сите нас. Додека се возев на сплавот сè уште чувствувајќи го вкусот на храната сфатив дела селото има огромен потенцијал за рурален туризам.

И сето природно богатство што ги имаме на располагање мора да го искористиме на вистински начин.

go-posetiv-mestoto-na-potopenoto-selo-globochica-otkriv-cel-eden-svet-i-go-jadev-najvkusnoto-gjomleze-04.jpg

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg