Ремек-дела на природата – дел од најубавите пештери во светот
Пештерите се можеби најуникатните формации на нашата планета. Скриени под планините, опкружени со вода или сместени во некој глечер, тие се цело богатство кое чека да биде истражено.
Речиси секоја пештера ќе ве фасцинира со нејзиниот пејзаж, а неретко и со ендемските видови кои си ја направиле свој дом.
Во продолжение, пак, можете да погледнете како изгледаат некои од најубавите пештери во светот:
Son Doong, Виетнам
Оваа пештера се смета за најголемата во светот. Пештерата е долга околу 9 километри, со длабочина од 150 метри.
Fingal’s Cave, Шкотска
Пештерата има уникатни хексагонални столбови кои ја прават да изгледа надреално. Оваа пештера е позната и по нејзината неверојатна акустика, поради што е нарекувана и „Пештера на мелодијата“. Поради нејзиниот облик, брановите што стигнуваат до внатрешноста звучат неверојатно.
Cueva de los cristales, Мексико
Како што кажува името, што во превод значи „кристална пештера“, оваа пештера е исполнета со кристали. Најголемиот кристал што е пронајден досега има должина од 12 метри, ширина од 4 метри, а тежи неверојатни 55 тони. Бидејќи температурата во внатрешноста достигнува и 58 степени, голем дел од пештерата е неистражен.
Batu Caves, Малезија
Ова се всушност неколку пештери од варовник, за кои се верува дека се стари околу 400 милиони години. Пештерите се најпознати бидејќи се и еден вид храмови и се украсени со многу скулптури и градби од хиндуизмот.
Tham Lod, Тајланд
Ова е најпознатиот пештерски систем во Тајланд. Во овие пештери се пронајдени неколку дрвени ковчези, за кои се верува дека датираат пред илјада години.