Надреална пештера во Нов Зеланд осветлена со биолуминисцентни црви (фото)
Пештерскиот систем Ваитомо е најпознатиот во Нов Зеланд, и тоа од многу чудна причина – црви што светат.
Пештерата со светлечки црви е дел од системот Ваитомо во Нов Зеланд. Пред милиони години, местото на кое се наоѓаат пештерите било под вода, па оттаму и името - на маорски јазик, зборот „ваи“ значи „вода“, а зборот „томо“ – „дупка“.
Коралите, школките, скелетите од рибите и бројните мали организми помогнале во создавањето на варовничкиот слој во пештерите, кој е дебел и до 200 метри. Кога водата почнала да се повлекува, а варовникот да се суши, со текот на времето се формирал пештерскиот систем, кој денес е дом на светлечките црви.
Овие биолуминисцентни црви – Arachnocampa luminosa – се вид кој живее исклучиво на Нов Зеланд.
Нивните ларви, кои се залепени за ѕидовите на пештерата, се одговорни за неверојатното светлосно шоу, и секоја година привлекуваат бројни туристи кои им се восхитуваат (освен оваа).
На ова видео од 360 степени на National Geographic можете да прошетате во внатрешноста на пештерата со биолуминисцентни црви.
Неколку волшебни фотки од пештерата:
Спирова С. | Црнобело