Најволшебните места во Европа што ќе сакаат да ги посетат фановите на Хари Потер
Поминаа повеќе од две децении откако светот дозна за Хари Потер. Во 1997-ма беше објавена првата книга од познатиот серијал, кој за брзо стана светски феномен.
Книгите беа толку успешни, што си добија и цел филмски серијал кој има милиони фанови ширум целиот свет.
Ако и вие спаѓаат овде, сигурно ќе ви се допаднат овие волшебни места во Европа:
Elephant House, Единбург
Знаевте ли дека оваа кафетерија е место каде што Џоан Роулинг почнала да ја пишува книгата Хари Потер?
Платформата 9 3/4, King’s Cross, Лондон
Во Лондон можете да ја посетите и железничката станица каде што се наоѓа терминалот за Hogwarts Express.
Замокот Alnwick во Нортумберленд
Можеби Хогвортс не постои, но дефинитивно постои замокот во кој се снимени дел од филмовите. Замокот Alnwick се наоѓа во Нортумберленд, а овде можете да одите и на „обука“ за летање метли.
Мостот Glenfinnan Viaduct, Шкотска
Овој мост е дел од рутата на Hogwarts Express, па неретко е нарекуван и „Мостот Хари Потер“.
Спирова С. | Црнобело