Помалку фотки на Инстаграм, исклучиво со повод - како ќе изгледаат патувањата годинава и следната?

Веројатно на многумина им недостасува можноста да отпатуваат надвор од земјата. Целиот свет за момент запре. Авионските компании трпат огромни загуби.

pomalku-patuvanja-za-fotki-na-instagram-isklucivo-so-povod-kako-ke-izgledaat-patuvanjata-godinava-i-slednata-01.jpg

Како ќе изгледаат патувањата барем до крајот на оваа година и следната? На светот ќе му треба долго време за да се избори со Ковид-19, a претпоставките се дека на патувањето ќе му треба период до 2023-та година за да се врати во нормала - или т.н. како пред периодот на Ковид-19. 

pomalku-patuvanja-za-fotki-na-instagram-isklucivo-so-povod-kako-ke-izgledaat-patuvanjata-godinava-i-slednata-02.jpg

1. Ќе се патува, но не премногу далеку. Доколку не е задолжително, ќе одбираме локални и поблиски дестинации наспроти далечни дестинации.

2. Ќе се потпираме на безбедно и испробано. Помалку ќе експериментираме со хотели, и ќе одбираме брендови во кои имаме доверба и кој се држат до стандардите за хигиена.

pomalku-patuvanja-za-fotki-na-instagram-isklucivo-so-povod-kako-ke-izgledaat-patuvanjata-godinava-i-slednata-04.jpeg

3. Помалку летање. Патувањата со автомобил ќе се вратат на голема врата затоа што луѓето би преферирале копнен превоз пред авионски.

4. Патувања исклучиво со повод. Ќе се намалат патувањата само за добри фотки на Инстаграм. Ќе се патува само за специфични искуства, бизнис прилики и задолжителни обврски.

5. Многу повеќе ќе истражуваме и анализираме пред да одбереме сместување. Сега коментарите и препораките од претходни гости ќе ни бидат од големо значење – особено од аспект на хигиената.

pomalku-patuvanja-za-fotki-na-instagram-isklucivo-so-povod-kako-ke-izgledaat-patuvanjata-godinava-i-slednata-03.jpg

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg