Хотел во Кападокија со најубав поглед и базен – место каде сакаме да се телепортираме (фото)
За хотелот Local Cave House, сместен во Ѓореме, Турција, не залудно велат дека го има можеби најубавиот поглед во светот.
Хотелот нуди одличен поглед кон балоните за летање, кои станаа заштитен знак на Кападокија, а и неговата внатрешност ќе ве остави без зборови.
Терасите на собите се пространи, а отворениот базен иако е скриен од надворешниот свет, има прекрасен поглед.
Хотелот е делумно вграден во околните препознатливи карпи и наликува на вистинска пештера.
https://www.instagram.com/p/CA2UJvljcPG/
Покрај сместувањето, овде можете да најдете и разни тури за разгледување на околните области. Па, ако планирате да ја посетите Кападокија откако ќе се смири ситуацијава, дефинитивно вреди да отседнете во Local Cave House.
Место каде посакуваме да бидеме во моментов:
Спирова С. | Црнобело