Од места кои треба да ги посетите: Лазарополе, таму најгоре...
Таму природата е распослана само за наши очи. Таму воздухот е чист како солза. Таму мирот е бесценет. Лазарополе, таму најгоре.
Сместено во областа Мијачија, на падините на планината Бистра, ова планинско село е едно од најубавите во Македонија. На надморска височина од 1300 метри вирее прекрасна природа – опкружено е со бујни дабови и букови шуми и питоми планински пасишта. Потсетува на швајцарските села со своето прекрасно зеленило и мали куќички.
Поради овие поволни услови, во овој крај е развиено овчарството и се прават највкусните млечни производи – кашкавал и сирење.
Летата се свежи и пријатни, а зимите благи и не многу сурови. Доколку не сте го посетиле, топло го препорачуваме.
Ова се некои од најубавите Инстаграм фотки за инспирација.
https://www.instagram.com/p/CAA6tuoHGZu/
https://www.instagram.com/p/B0vG22cHb9C/
https://www.instagram.com/p/B_u_SxJnGAP/