Извонредна глетка на шарените камчиња во езерото Мекдоналд

Националниот парк Глечер, во американската држава Монтана, близу до границата со Канада е дом на над 700 езера.

Izvonredna-gletka-na-sharenite-kamchinja-vo-ezeroto-Mekdonald 01 630x340.jpg

Сепак, само 131 од овие езера имаат имиња и околу 200 се поголеми од 20.235 м2, додека десетина од нив се со големина од неколку илјади метри квадратни, што е навистина ретко за планинските езера.

Покрај тоа, водите на езерата се кристално чисти и неретко може да се видат детали на дното со длабочина од 30 стапки, па дури и повеќе.

Една од најистакнатите карактеристики на некои од езерата е постоењето на најразлични обоени карпи и камчиња веднаш под површината на водата и на бреговите.

Така, бојата на камчињата варира од портокалова до темноцрвена и од сина до зелена боја.

Обоените камчиња  во изобилство се гледаат на бреговите на езерото Мекдоналд, на западната страна од паркот.

Izvonredna-gletka-na-sharenite-kamchinja-vo-ezeroto-Mekdonald 02 630x760.jpg

Езерото Мекдоналд е најголемото од езерата на Националниот парк Глечер, со површина од 6.823 акри, исто така е најдолго, со над 15 километри должина, како и најдлабоко, со длабочина од 141 метар.

Езерото Мекдоналд е дом на разни природни видови пастрмка и други видови на риби.

Цитирано од книгата „Глечер-Ватертон Меѓународен мир“ од Вики Спринг и Том Киркендал:

„Бојата на карпите се определува со присуство или отсуство на железо. Светлите црвени карпи пронајдени долж патеката Гленел Глечер беа депонирани во плитко океанско опкружување, каде што железото се оксидира од плимата и изложеноста на воздухот. Карпите со оваа боја често имаат стари блесоци или антички линии на пукнатина од кал. Богатите карпи со зелена боја беа формирани во подлабока вода од црвените карпи. Иако овие карпи содржат исти количини минерали што носат железо, тие немале иста изложеност на кислород и количината на оксидација била ограничена“.

Во продолжение ви издвоивме неколку прекрасни фотографии кои ќе се обидат да ви ја доловат маестралноста која ја поседува езерото Мекдоналд:

Izvonredna-gletka-na-sharenite-kamchinja-vo-ezeroto-Mekdonald 03 630x787.jpg

Izvonredna-gletka-na-sharenite-kamchinja-vo-ezeroto-Mekdonald 04 630x788.jpg

Izvonredna-gletka-na-sharenite-kamchinja-vo-ezeroto-Mekdonald 05 630x788.jpg

Izvonredna-gletka-na-sharenite-kamchinja-vo-ezeroto-Mekdonald 06 630x788.jpg

Izvonredna-gletka-na-sharenite-kamchinja-vo-ezeroto-Mekdonald 07 630x788.jpg

Izvonredna-gletka-na-sharenite-kamchinja-vo-ezeroto-Mekdonald 08 630x788.jpg

Izvonredna-gletka-na-sharenite-kamchinja-vo-ezeroto-Mekdonald 09 630x420.jpg

Izvonredna-gletka-na-sharenite-kamchinja-vo-ezeroto-Mekdonald 10 630x419.jpg

Izvonredna-gletka-na-sharenite-kamchinja-vo-ezeroto-Mekdonald 11 630x788.jpg

Izvonredna-gletka-na-sharenite-kamchinja-vo-ezeroto-Mekdonald 12 630x786.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
12 причини зошто Данска е совршена земја за живот Скандинавските земји пленат со својата архитектура, начинот на живот, храната ко...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg