Туристички дестинации кои „платија“ за нивната популарност
Патувањето стана нова религија – луѓето постојано бараат нови дестинации и начини како да стигнат до нив. А, најпопуларните дестинации се посетувани од илјадници туристи дневно.
На пример, 19.000 луѓе дневно одат да го видат Колосеумот, а над 70.000 ги посетуваат Нијагарините Водопади.
Проблемот е што овој наплив на туристи си има своја цена, а некои од најпопуларните дестинации веќе ја платиле.
Погледнете ги најпознатите туристички дестинации кои се речиси уништени поради нивната популарност и немарноста на туристите:
Стоунхенџ, Англија
Една од најголеми атракции во Англија е стара 5.000 години и го изгубила својот оригинален изглед.
Стоунхенџ има претрпено неколку реставрации, а во некои камења се кријат и бетонски столбови.
На туристите веќе им е забрането да седнуваат на камењата бидејќи покрај временските услови, и тие придонесуваат за трошењето на споменикот.
Хаваи
Коралните гребени на Хаваи најмногу страдаат од кремите за сончање, кои ги користи речиси секој турист.
Поради ова, власта постави забрана за продажба на креми со состојки што им штетат на коралите.
Шпански скали, Рим
Шпанските скали се прославија после филмот „Roman Holiday“ од 1953-та.
Оттогаш, илјадници туристи одат да се фотографираат на скалите, но притоа оставаат ѓубре, мастики и дамки од храна и пијалаци.
И во овој случај власта беше присилена да ургира, па сега е забрането седењето на скалите.
Карпите Мохер, Ирска
Овие живописни карпи се формирани пред 320 милиони години, а денес се едно од најпосетуваните места во Ирска.
Токму на овие карпи се снимени сцени од „Harry Potter and the Half-Blood Prince“, што дополнително им ја зголеми популарноста.
Во 2013-та, група вандали нацртале графити на заштитените карпи, но, за среќа, беа успешно отстранети.
Плажата Боракај, Филипини
Во 2018-та, една од најубавите плажи во светот беше затворена поради загадување.
Чистењето на плажата траеше цели 6 месеци и во тој период беа отстранети отпадоците од водата и брегот. Истовремено, 400-те хотели и ресторани беа затворени, а беа рушени и голем број градби во близина на брегот.
Сега плажата е повторно отворена, но на островот може да има само 19.000 туристи истовремено.
Венеција, Италија
Годишно, Венеција ја посетуваат над 30 милиони луѓе.
Овој наплив на посетители создава огромен притисок на системот за канализација. Изгледа дека Венеција не може да потоне само поради климатските промени, туку и поради популарноста, а второто претставува поголема закана за градот.
Монолитот Улуру, Австралија
Оваа уникатна карпеста формација е создадена пред 680 милиони години.
Во втората половина на 20-тиот век, целиот свет дозна дека монолитот ја менува својата боја во текот на денот, па местото стана навистина популарно.
Проблемот е што туристите се качуваат на крпата, па дури оставаат и искористени пелени и уринираат таму.
Дождот, пак, го носи човечкиот отпад и измет во резервоарот за вода од кој пијат животните, а ова резултираше со истребувањето на редок вид ракчиња.
Минатата година, властите го забранија искачувањето на Улуру.