Г-точката на Европа: Никој не знае каде е, но кога ќе ја пронајдете – чудесно е
Туристичката кампања која направи бум во светот уште пред 2 години, одеше токму под слоган – Пронајдете ја Г-точката на Европа.
Конзервативната влада на Литванија се обиде да ја засени идејата, но безуспешно.
Главната порака беше што повеќе луѓе да дознаат каде се наоѓа Вилниус – главниот град на Литванија, кој има амбиции да стане хит дестинација.
Кампањата иако има сексуална конотација, сепак не преминува никакви морални или законски граници, па многумина беа воодушевени и решија да проверат како изгледа градот со најкреативниот туристични слоган.
Станува збор за прекрасно место, па иако помина многу време оттогаш, вреди да се потсетиме на оваа дестинација која заслужува да биде посетена.
Па, како изгледа Вилниус? Ќе ве привлече да отпатувате?
М. Д. | Црнобело