Лавиринт со поврзани соби - тајните на Мачу Пикчу, скриениот град на Инките

Во перуанските Анди, во близина на Куско, античката престолнина на древните Инки, се наоѓа една од најбогатите долини со бројни културни споменици. 

Macu Pikcu tajnite na skrieniot grad na Inkite 01

Се работи за Светата долина (Valle Sagrado), која се протега на повеќе од сто километри, од местото Pisaqua до Мачу Пикчу. Тука се наоѓаат остатоци од важните градови и ритуалните центри на Инките.

Следејќи го патот на Инките, кој поминува низ Светата долина, ќе видите многу ритуални места на аџилакот кон скриеното светилиште на Инките - Мачу Пикчу.

На рамнините на Стариот Врв (Мачу Пикчу), скриен во облаците, во област долга 700 метри и широка 500 метри, се наоѓа хармонично изграден мал град за околу илјада жители, поделен на дванаесет области кои се наоѓаат на четиринаесет тераси поврзани со скали.

Мачу Пикчу е изграден врз моделот на светот кој се дели на поларитети како: горе и долу, десно и лево, машко и женско, а најважна била вертикалната поделба на светот. Според јазикот на Инките постојат два термина кои ја опишуваат оваа поделба: Хурин Пача, што значи „долниот свет“ и Ханан Пача, „повисокиот свет“. За долниот свет се поврзуваат пештери, извори и реки.

Тоа е царството на Пачамама, Мајката Земја. Повисокиот свет е небото, живеалиштето на Виракоча, Сонцето, Месечината и ѕвездите.

Во источниот дел на долниот град, денес наречен Лос Карселес се наоѓа една од најинтересните нерешени загатки. Се работи за лавиринт на поврзани соби. Наводно под градот постојат повеќе лавиринти, кои биле затворени кога градот го напуштиле последните жители.

Под големиот камен постојат скали кои се спуштаат во подземјето. На рамната карпеста подлога, пред влезот, се наоѓа кондор кој е симболична репрезентација на новото Сонце кое, како кондор излегува од утробата.

Macu Pikcu tajnite na skrieniot grad na Inkite 02

„Изгубениот град на Инките“ е веројатно напуштен за време на шпанското освојување на Латинска Америка. Благодарејќи на скриената позиција, шпанските освојувачи никогаш не успеале да го пронајдат и уништат, што беше случај со бројни други места во империјата на Инките.

Иако постојат тврдења Мачу Пикчу е „откриен“ пред 1911-та година, својот публицитет го добива во 1913 година, кога National Geographic му посвети целосно издание.

Туристичка атракција

Доколку одлучите да ја посетите оваа локација, која годишно ја посетува околу половина милион луѓе, најверојатно ќе тргнете од Куско. Оттаму до Мачу Пикчу ќе поминувате низ Андите, преку т.н. Патеката на Инките (Camino Inca). Ова е импресивна мрежа на патишта и мостови од јаже.

Macu Pikcu tajnite na skrieniot grad na Inkite 03

Инаку, системот на патеките од времето на Инките се протега од Еквадор до Чиле, а за патување се препорачува период помеѓу мај и септември, кога нема многу дождови.

Мачу Пикчу е сè уште предмет на многу истражувања и нови откритија. Во 2014 година е откриена врата од комора во која би требало да биде телото на Пачакути Инка Јупангуи, кралот на Инките. Но, властите во Перу не даваат дозвола да се отвори комората, за да се спречи оштетување на Мачу Пикчу.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg